Tuesday, June 9, 2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ 64

Почитувани Колеги,

Во Понеделникот на 08.06.2009 година во просториите на Кошаркарската Федерација на Македонија, со почеток од 18:00 часот, Судиската Комисија на кошаркарските судии и делегати на град Скопје (СККСГС) со дел од членството одржа работен состанок на кој се дискутираше по следните точки од Дневниот ред:

1. Список на кошаркарски судии кои ќе ја обавуваат функцијата ПОМОШЕН СУДИЈА на претстојните младински европски првенства кои ќе се одржат во Охрид и Скопје,
2. Тековни прашања.

Во врска со првата точка СККСГС и членството се договорија конечниот список на ПОМОШНИТЕ СУДИИ да биде дефиниран следниот понеделник (15.06.2009 година) на состанок кој ќе се одржи од 18:00 часот во просториите на КФМ.

Поздрав,
СККСГС

No comments: