Thursday, March 26, 2020

Прашања

1. Уфрлувањето по основ на алтернативен посед завршува кога топката ќе ги напушти рацете на играчот кој го изведува уфрлувањето. Исправно?
                           
                                Да                                                Не
2. Судиите пропуштиле да доделат на А5 две слободни фрлања кои му следуваат според правилата. Играта  продолжила и топката постанала мртва поради досудена неспортска грешка на Б4 врз А2. Топката само што е ставена на располагање на А2 за првото слободно фрлање од казната за НГ, кога грешката е откриена. Дали грешката сеуште може да се исправи?
 
                               Да                                                Не
3. А1 напраил неспортска грешка за време на интервалот на игра помеѓу првата и втората четвртина. Кој било играч од екипата Б ќе изведе 2 слободни фрлања, без скокачи во рекетот, пред почетокот на втората четвртина. Играта ќе продолжи со уфрлување од линијата за слободни фрлања во предното поле. Екипата Б ќе има 14 секунди на часовникот за шут. Правецот на сстрелката за алтернативен посед останува непроменет. Исправно?
  
                              Да                                                  Не
4. А2 ја исфрлил топката за шут од игра со преостанати 8 секунди на часовникот за шут. Додека топката е  во воздухот Б4 го фаулирал А5 што е трета грешка на екипата Б во тој период на играта. Шутот за кош е успешен. Судиите го признаваат погодокот и доделуваат на екипата А топка за уфрлување со 14 секудни на часовникот за шут. Исправно?

                             Да                                                   Не
5. А1 го завршил водењето на топката. Пред да ја додаде ја поставуве топката помеѓу нозете и исценира лажно додавање. Ова е исправна игра?

                            Да                                                    Не

Видео клип


Почитувани колеги погледнете го видео клипот внимателно и дадете го вашето мислење за оваа ситуација.

Wednesday, March 13, 2019

Прашања

1. Со преостанати 1:12 на часовникот за игра во четвртата четвртина, А1 ја водел топката во своето предно поле со преостанати 6 секунди на часовникот за шут, кога Б1 направил неспортска грешка врз А1. Тајм аут е побаран од тренерот А или тренерот Б. После слободнотите фрлања на А1 тајм аутот е одобрен. По тајм аутот играта ќе продолжи со уфрлување за екипата А на линијата за уфрлување во нивното предно поле. Часовникот за шут ќе биде ресетиран на 14 секунди? 
                                     Да                               Не
2. Со 2 преостанати минути во третиот период, Б6 се пријавува за замена кај записничарот. Во тој момент екипата А постигнала кош. Бидејќи е постигнат кош, на Б6 како член на екипата која примила кош ќе му биде одобрена замена и тој ќе може да влезе во игра. Исправно?
                                     Да                               Не
3. Судиите по грешка пропуштиле да доделат на А5 две слободни фрлања кои му следуваат според правилата. Играта продолжува и топката постанала мртва поради досудена неспортска грешка на Б4 врз А2. топката само што е ставена на располагање на А2 за првото слободно фрлање од казната за НГ, кога откриена. Дали грешката сеуште може да се исправи?
                                     Да                               Не
4. Уфрлувањето по основ на алтернативен посед завршува кога топката ќе ги напушти рацете на играчот кој го изведува уфрлувањето. Исправно?
                                     Да                               Не
5. Со 30 секунди преостанати на часовникот за игра во четвртатачетвртина, А1 ја водел топката во своето предно поле. Б1 ја одбил топката во задното поле на екипата А каде што А2 остварил посед на топката. Б2 ја избил топката во аут во задното поле на екипата А со преостанати 8 секунди на часовникот за шут. Тајм аутот е одобрен на екипата А. Тренерот на екипата може да одлучи дали уфрлувањето ќе биде изведено од линијата за уфрлување во предното поле или ќе биде изведено од задното поле. Во двете ситуации екипата А ќе има 8 секунди преостанати на часовникот за шут. Исправно?
                                   Да                               Не

Видео клип


Почитувани колеги, погледнете го видео клипот внимантелно и дадете го вашиот одговор.
Дали треба да се заштити шутерот во оваа сутиација:
1. Да
2. Не

Tough Calls

Почитувани колеги судиската комисија на град Скопје со цел едукација на нејзините членови ќе започне со презентација на  FIBA Tough Calls каде можете да видете разни ситуации со толкување на истите ситуации. Видео примерот можете да го најдете на следниов линк: http://www.championsleague.basketball/18-19/news/tough-calls-week-4
Со почит СККСГС.

Tuesday, February 26, 2019

Прашања

1. Судиите откриваат дека А2 e шести играч на теренот и ја запираат играта откако А2 прави лична грешка во напад. Дали личната грешка ќе биде третирана како нормална грешка?
                                           Да                             Не
2. Откако А2 направил прекршок чекори во своето задно поле, при уфрлувањето А3 ја допрел топката но немал посед на неа. Дали мерачот на време ќе го стартува времето во моментот кога А3 ја допрел топката?
                                            Да                             Не
3. А1 ја додава топката за цепелин до А2. А2 ја пропуста топката и таа го допира обрачот по што А3 има контрола на топката во своето задно поле. Дали екипата А ќе има 14 секунди на часовникот за 14 секунди?
                                            Да                             Не
4.При уфрлување на А1 во третиот период, Б1 во своето задно поле ги става своите раце преку граничната линија и го блокира додавањето на А1 со 19 секунди на часовникот за шут. Дали екипата А ќе има 19 секунди преостанати на часовникот за шут?
                                            Да                              Не
5. А1 упатува шут на кош од игра. Топката е во лет кон кошот со 17 секунди преостанати на часовникот за шут, лична грешка е досудена на Б2 кој го фаулира А2. Тоа е втора грешка во тој период. Топката го допира обрачот но не влегува воо кошот. Дали екипата А ќе има 17 секунди преостанати на часовникот за шут?
                                             Да                             Не



Видео клип


Почитувани колеги, погледнете го видеото внимателно и дадете го вашио одговор.
Дали кошот треба да важи кога судијата ја носи одлуката:
1. Да
2. Не