Wednesday, March 13, 2019

Прашања

1. Со преостанати 1:12 на часовникот за игра во четвртата четвртина, А1 ја водел топката во своето предно поле со преостанати 6 секунди на часовникот за шут, кога Б1 направил неспортска грешка врз А1. Тајм аут е побаран од тренерот А или тренерот Б. После слободнотите фрлања на А1 тајм аутот е одобрен. По тајм аутот играта ќе продолжи со уфрлување за екипата А на линијата за уфрлување во нивното предно поле. Часовникот за шут ќе биде ресетиран на 14 секунди? 
                                     Да                               Не
2. Со 2 преостанати минути во третиот период, Б6 се пријавува за замена кај записничарот. Во тој момент екипата А постигнала кош. Бидејќи е постигнат кош, на Б6 како член на екипата која примила кош ќе му биде одобрена замена и тој ќе може да влезе во игра. Исправно?
                                     Да                               Не
3. Судиите по грешка пропуштиле да доделат на А5 две слободни фрлања кои му следуваат според правилата. Играта продолжува и топката постанала мртва поради досудена неспортска грешка на Б4 врз А2. топката само што е ставена на располагање на А2 за првото слободно фрлање од казната за НГ, кога откриена. Дали грешката сеуште може да се исправи?
                                     Да                               Не
4. Уфрлувањето по основ на алтернативен посед завршува кога топката ќе ги напушти рацете на играчот кој го изведува уфрлувањето. Исправно?
                                     Да                               Не
5. Со 30 секунди преостанати на часовникот за игра во четвртатачетвртина, А1 ја водел топката во своето предно поле. Б1 ја одбил топката во задното поле на екипата А каде што А2 остварил посед на топката. Б2 ја избил топката во аут во задното поле на екипата А со преостанати 8 секунди на часовникот за шут. Тајм аутот е одобрен на екипата А. Тренерот на екипата може да одлучи дали уфрлувањето ќе биде изведено од линијата за уфрлување во предното поле или ќе биде изведено од задното поле. Во двете ситуации екипата А ќе има 8 секунди преостанати на часовникот за шут. Исправно?
                                   Да                               Не

No comments: