Почитувани Колеги,
Во Понеделникот на 15.06.2009 година во просториите на Кошаркарската Федерација на Македонија, со почеток од 18:00 часот, Судиската Комисија на кошаркарските судии и делегати на град Скопје (СККСГС) и дел од членството одржаа работен состанок на кој се дискутираше по следново:
1. Полагање за ранг Кошаркарски судија и план и програма по која ќе се одвива полагањето за ранговите Регионален, односно Државен кошаркарски судија,
2. Листи на помошни кошаркарски судии од град Скопје за претстојните младински Европски првенства кои ќе се одржат во Скопје од 16.07.2009 година до 25.07.2009 година и во Охрид од 06.07.2009 година до 15.07.2009 година,
3. Тековни прашања.
Во врска со првата точка СККСГС ве известува за следното:
1. Полагањето за ранг КОШАРКАРСКИ СУДИЈА ќе се одржи во ПОНЕДЕЛНИК на 22.06.2009 година со почеток од 18:00 часот во просториите на Кошаркарската Федерација на Македонија и ќе се состои само од тест од познавање на Службените кошаркарски правила и Механиката на кошаркарското судење,
2. Полагањето за повисоките рангови РЕГИОНАЛЕН и ДРЖАВЕН кошаркарски судија ќе се одржи во Средното економско училиште „Васил Антовски Дрен“ во населбата Кисела Вода во Скопје во Недела на 21.06.2009 година по следната ПРОГРАМА:
10.00 - 10.30 Пристигнување и прием на кандидатите,
10.30 - 11.15 Предавање - Службени кошаркарски правила,
11.30 - 12.15 Писмен тест од познавање на Службените кошаркарски правила,
12.30 - 13.00 Усмено испрашување од познавањето на Службените кошаркарски правила
13.15 - 14.00 Тест за проверка на физичка подготовка - Легер тест,
14.00 - 16.00 Судење кошаркарски натпревар.
ВАЖНО: Се обврзуваат сите кандидати (за Регионален и Државен кошаркарски судија) на полагањето да донесат Медицински белешки од овластена здравствена установа и да ја понесат со себе судиската опрема (дрес, панталони, патики, свирка).
Според Стручното работно тело во состав: Ѓорѓи Пиперков, Владимир Макревски и Влатко Цветаноски следниве кошаркарски судии ги исполнуваат критериумите според Правилникот за Судиски и Делегатски кадар и имаат право да полагаат за повисок ранг:
Листа на кандидати од град Скопје за полагање за судиски ранг - Регионален судија:
Антовски Боро - Скопје
Михајловиќ Владимир - Скопје
Мангрски Ѓорѓи - Скопје
Гапиќ Ристо - Скопје
Стојановски Јанко - Скопје
Иваноски Жарко - Скопје
Давидов Александар – Скопје
Листа на кандидати од град Скопје за полагање за судиски ранг – Државен судија:
Младеновски Ангеле - Скопје
Стојановиќ Бојан - Скопје
Младеновски Небојша - Скопје
Павловски Игор - Скопје
Митев Стојан - Скопје
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment