Tuesday, June 2, 2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ 63

Почитувани Колеги,

Во Понеделникот на 01.06.2009 година во просториите на Кошаркарската Федерација на Македонија, со почеток од 18:00 часот, Судиската Комисија на кошаркарските судии и делегати на град Скопје (СККСГС) и дел од членството одржаа работен состанок со следните точки од Дневниот ред:

1. Список на кандидати кои ќе полагаат за ранг - Кошаркарски судија, Регионален кошаркарски судија и Државен кошаркарски судија,
2. Тековни прашања.

По однос на првата точка СККСГС ви го претставува (по азбучен ред) списокот на кандидати кои сакаат да полагаат за ранг Кошаркарски судија, како и список на кошаркарски судии кои сакаат да полагаат за повисок ранг, односно за Регионален и Државен кошаркарски судија:

КОШАРКАРСКИ СУДИЈА:
(Списокот не е конечен, СККСГС сеуште очекува пријави)

1. Бојчев Андреј,
2. Мерџановски Дејан,
3. Петровиќ Мартин,
4. Поповски Алек.

РЕГИОНАЛЕН КОШАРКАРСКИ СУДИЈА:
(Списокот е конечен)

1. Антовски Боро,
2. Гапиќ Ристо,
3. Давидов Александар,
4. Ивановски Жарко,
5. Мангрски Ѓорѓи,
6. Михајловиќ Владимир,
7. Стојановски Јанко.

ДРЖАВЕН КОШАРКАРСКИ СУДИЈА
(Списокот е конечен)

1. Митев Стојан,
2. Младеновски Ангеле,
3. Младеновски Небојша,
4. Павловски Игор,
5. Симоновски Дарко,
6. Стојановиќ Бојан.

Списокот на кандидатите кои сакаат да полагаат за повисок ранг или за Регионален и Државен кошаркарски судија ќе биде доставен до Стручното тело на Судиската Комисија при КФМ кое е одговорно за организирање и спроведување на полагањето за рангови. Истото во согласност со Правилникот за судиски и делегатски кадар ќе одлучи кој судија ги исполнува критериумите за полагање за повисок ранг.
Полагањето за повисок ранг ќе се одржи на 21.06.2009 година, една недела подоцна од претходно планираното, од причини што во викендот - Сабота, 13.06.2009 година и Недела, 14.06.2009 година, ќе се одиграат неколку завршни младински турнири.

Поздрав,
СККСГС

No comments: