Tuesday, June 2, 2009

Интернационален кошаркарски турнир - Гетеборг

Göteborg Basketball Festival


Во периодот од 21 до 24 мај 2009, во Гетеборг (Шведска), се одржа 30-тиот, јубилеен, Göteborg Basketball Festival со учество на околу 500 екипи од цела Европа, во машка и женска конкуренција, поделени во категории од U-12 до U-20.

Четворица наши колеги, Алија Феревски, Александар Димовски, Слободан Тасевски и Ѓорѓи Мангрски, ја имаа честа да судат натпревари на турнирот на кој беа присутни 130 судии од 24 европски земји.


Притоа, нашите колеги учествуваа и на судиската клиника на г-н Алан Ричардсон, меѓународен ФИБА и УЛЕБ инструктор. На клиниката која беше организирана за само 15-мина судии, беа опфатени актуелни теми од кошаркарските правила и механика на судење:
- неспортска лична грешка,
- конзистентност во судењето на еден натпревар,
- грешки во напад и одбрана,
- полиња на одговорност при досудување на грешки и прекршоци.


Како резултат на целокупниот впечаток што го оставија нашите колеги, доверени им беа и некои од завршните натпревари на турнирот:

* Слободан Тасевски: полуфинале жени U12 и U18
* Ѓорѓи Мангрски: полуфинале жени U16, мажи U15 и финале жени U18
* Александар Димовски: полуфинале мажи U-20 и финале мажи U17
* Алија Феревски: полуфинале и финале мажи U-20

Им честитаме на колегите.

Поздрав,
СККСГС

No comments: