Thursday, April 24, 2008

ИЗВЕСТУВАЊЕ 14

Почитувани колеги,

Во просториите на КФМ на ден 14.04.2008 година - понеделник со почеток од 18:00 часот кошаркарските судии и делегати од град Скопје одржаа работен состанок со една точка на ДНЕВЕНИОТ РЕД:

1. Презентирање на дел од понудите кои ги обезбеди Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати на град Скопје.

Во врска со единствената точка од дневниот ред СККСГС го презентираше следново:

1. COSMOFON - специјална бизнис пост - пејд понуда за мобилна телефонија, со која би се „поврзале“ сите кошаркарски судии и делегати од град Скопје;

2. КОШАРКАРСКИ СУДИСКИ ДРЕСОВИ - од домашни и меѓународни реномирани производители на спортска опрема по европски стандарди и ниски цени;

3. ЛЕТЕН КАМП ЗА КОШАРКАРСКИ СУДИИ И ДЕЛЕГАТИ - на кој предавачи би биле познати европски кошаркарски судии и најново

4. МАИЦИ СО ЛОГОТО НА КОШАРКАРСКИТЕ СУДИИ И ДЕЛЕГАТИ НА ГРАД СКОПЈЕ - со и без крагна.

Поздрав,
СККСГС

No comments: