Официјално толкување на ВИДЕО ПРИМЕРОТ 2 е прекршок.
Според членот 31 - Топка во слегувачка патека кон кошот и попречување, поточно според членот 31.2 - Правило, односно 31.2.4 - Играч од нападот кој ќе причини таблата или обрачот да вибрираат на начин кој според оценката на судијата причинуваат топката да влезе во кошот е прекршок.
При досудувањето на ваков тип на прекршок треба да се има во предвид и следново:
Според членот 38 - Техничка грешка, односно според членот 38.3 - Дефиниција, или членот 38.3.1 - Техничка грешка е грешка на играч која не е резултат на контакт, туку грешка од природа на однесување и не е ограничена со:
- бесење на обрачот на таков начин што обрачот е оптоварен со целата тежина на играчот, освен кога:
1. играчот за момент ќе се обеси на обрачот при забивање, или
2. ако според проценката на судиите се обидува да одбегне своја или повреда на противнички играч.
Продолжеток на играта од ВИДЕО ПРИМЕРОТ 2 е:
- по прекршокот, опомена на играчот за „бесење“ со јасно покажување на знакот 46 од делот А од службените кошаркарски правила на истоимениот играч но и на тренерот од истоимената екипа со што им се дава до знаење на сите дека повторно такво „забивање“ нема да се толерира.
ВИДЕО ПРИМЕР 5
Погледнете го ВИДЕО ПРИМЕРОТ 5 и дајте го вашиот одговор во прашање на неделата.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment