Thursday, May 1, 2008

ИЗВЕСТУВАЊЕ 15

Почитувани Колеги,

1. Официјално толкување на ВИДЕО ПРИМЕРОТ 5 е NO CALL

2. СККСГС и дел од кошаркарските судии и делегати од град Скопје во понеделникот на 21.04.2008 година од 18:00 часот одржаа работен состанок во просториите на КФМ со комесарот за натпреварување во младинските категории Г-динот Зоран Крстески и координаторот за натпреварувањата во младинските лиги Г-динот Љупчо Ристовски со следниве точки на

ДНЕВЕН РЕД:
1. Завршни натпревари во младинските лиги.
2. Натпреварувањата во младинските лиги во сезоната 2008/2009 година.

Во врска со првата точка ви го претставуваме писмото од канцеларијата за младински лиги при КФМ испратено до градските судиски комисии на кошаркарски судии и делегати.

Почитувани,

Ве известуваме дека започнуваат завршниците од натпреварувањата во младински лиги.
Поради запазување на регуларноста на натпреварувањето, од Вас бараме максимална објективност како на натпреварите така и во делегирањето.
Во последно време се поизразена е реакцијата и незадоволството на екипите на судењето и на пристрасноста на судиите. Трудете се да ги ангажирате и поискусните судии или во пар поискусен-понеискусен, а на одредени натпревари да присуствуваат и искусни делегати, се со цел поплаките на судењето да престанат, а натпреварите да завршат максимално регуларно.
Потрудете се да направите листи на најквалитетни судии кои ќе ги судат квалитетните натпревари во младинските лиги и листите да ги доставите до канцеларијата на здружението пред почетокот на лигите.
Иако имаме потполна доверба во начинот на кои досега ги делегирате судиите, сепак мораме да Ви обрнеме внимание за поголема озбилност и Ваше поголемо присуство на натпреварите кои одлучуваат.
Мораме да се потрудиме наредната година да имаме помасовно натпреварување во младинските категории. За таа цел оваа година мораме да ја завршиме регуларно, со што и Вие како Судиски одбори ќе имате повеќе ангажман а младите судии поголема можност и поле за докажување.

Комесар за натпреварувањата во младинските лиги,
Зоран Крстевски

По однос на втората точка координаторот за натпреварувањата во младинските лиги Г-динот Љупчо Ристовски ги претстави дел од плановите кои КФМ ги планира за следната натпреварувачка 2008/2009 сезона.
Повеќе информации околу втората точка можете да прочитате тука.

Поздрав,
СККСГС

No comments: