Tuesday, April 8, 2008

ИЗВЕСТУВАЊЕ 11

Почитувани Колеги,

СККСГС во понеделникот на 7.04.2008 година со почеток од 18:00 часот во просториите на КФМ и во присуство на 30-тина кошаркарски судии и делегати од град Скопје одржа работен состанок со една точка на ДНЕВНИОТ РЕД:

1. Разгледување и јавна расправа по текстот на предлог ПРАВИЛНИКОТ за работата на Асоцијацијата на кошаркарски судии и делегати на град Скопје поднесен од Судиската комисија на кошаркарските судии и делегати на град Скопје.

Во работна атмосфера и по пат на консензус членството го разгледа предлог правилникот и даде свои конструктивни забелешки, предлози и мислења за одредени членови од истоимениот правилник за работата на Асоцијацијата на кошаркарски судии и делегати на град Скопје (АКСДГС).

Ги повикуваме сите колеги - кошаркарски судии и делегати од град Скопје кои сакаат да се вклучат во изготвувањето на овој правилник тоа да го направат со испраќање на свои мислења, предлози, забелешки на e-mail адресата на СККСГС или со објавување на истите на самиот блог до 14.04.2008 година - понеделник.

Со почит,
СККСГС

No comments: