Почитувани Колеги,
Официјално толкување на ВИДЕО ПРИМЕРОТ 3 е лична грешка во напад.
Според членот 33.10. - Допирање на противник со дланка(ки) и/или рака(це) само по себе секогаш не е грешка.
Судиите ќе одлучат дали со тој контакт играчот стекнал предност. Доколку контактот, на кој било начин ја попречува слободата на движење на противникот, тогаш тоа е грешка.
Според истиот член во ВИДЕО ПРИМЕРОТ 3 иако одбранбениот играч го допира противникот тој не го попречува неговото движење - напредување кон кошот.
Играчот од нападот со топка прави грешка кога:
- ја закачува или обвива раката или лактот околу играчот од одбрана со цел да стекне нечесна предност.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment