Friday, October 30, 2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ 69

Записник од состанокот на Изборната комисија за претседател на СККСГС одржан на ден 26.10.2009 година во 18:00 часот.

Изборната комисија (ИК) во состав Слободан Тасевски, Игор Стојанов и Ѓоревски Александар, се состанаа во просториите на МКФ и ги разгледаа трите кандидатури за претседател на СККСГС.

По разгледувањето на истите ИК го донесе следниов ДНЕВЕН РЕД:
1. Информирање на членството (кошаркарски судии и делегати на град Скопје) за предлог кандидати за претседател на СККСГС и нивно презентирање,
2. Начин на гласање за претседател на СККСГС,
3. Разно

По усвојувањето на дневниот ред, се пристапи кон негова реализација.

По однос на првата точка ИК ви ги претставува кандидатите за избор на претседател на СККСГС и тоа (по азбучен ред):
1. Г-дин Теофиловски Антонио,
2. Г-дин Феревски Алија,
3. Г-дин Цветаноски Влатко.
Во прилог на кандидатурите беа доставени и програмите за работа на трите кандидати.
ИК донесе заклучок дека кандидатите треба да имаат презентација на програмите за работа и истото да го сторат на ден 02.11.2009 година - Понеделник во 18:00 часот, пред гласањето за претседател, во просториите ка МКФ.

По однос на втората точка ИК донесе заклучок дека за начинот на кој ќе се гласа за претседател на СККСГС ќе се одлучи пред самото гласање, со мнозинство од гласовите на членството кои имаат право на глас.

По однос на третата точка се отвори дискусија по која се заземаа одредени ставови кои треба да се спроведат пред и на самиот ден на гласањето и тоа:
1. Пред изборот за претседател на СККСГС, кандидатите ќе имаат 15 минути за презентација на своите програми (доставени ви се преку e-mail) и 2 минути за завршен говор.

Изборна комисија на КСДГС

Поздрав,
СККСГС

No comments: