Sunday, November 8, 2009

З А П И С Н И К од Изборната комисија за претседател на СККСГС

На ден 02.11.2009 година (понеделник) во 18,00 часот, во просториите на МКФ
се одржа состанок за избор на претседател на СККСГС, со следниот дневен ред:

1. Донесување одлука за начинот на гласање (тајно или јавно)

2. Претставување на изборните програми на кандидатите за претседател на СККСГС

3. Избор на претседател на СККСГС

Во однос на првата точка, беше ставено на гласање на кој начин ќе се избере новиот претседател на СККСГС. Од присутните 44 членови (во тој момент) 29 гласаа за ТАЈНО изјаснување, 8 членови гласаа за ЈАВНО изјаснување и 7 беа воздржани. Со тоа беше донесена одлука гласањето на претседател да се изведе тајно со гласачки ливчиња.
-По донесувањето на одлуката за начинот на гласање се пристапи кон втората точка од Дневниот ред и кандидатите Алија Феревски и Влатко Цветановски сеи зјаснија дека ќе ги презентираат своите програми, а кандидатот Антонио Теофиловски се повлече од трката за претседател.
-По претставувањето на изборните програми се премина кон гласање за претседател на СККСГС.
-За време на гласањето беа присутни 52 члена на СККСГС и сите го остварија своето право на глас. По завршувањето се премина на пребројување на гласачките ливчиња и резултатот е следен:
- Кандидатот со реден број 1, Алија Феревски освои 29 гласа
- Кандидатот со реден број 2, Влатко Цветановски освои 19 гласа
- Неважечки се 4 ливчиња.

Според добиените резултати за нов претседател на Судиската комисија на Град Скопје е избран кандидатот АЛИЈА ФЕРЕВСКИ.

05.11.2009 год.

2 comments:

Unknown said...
This comment has been removed by the author.
Unknown said...
This comment has been removed by a blog administrator.