Friday, October 23, 2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ 68

Почитувани Колеги,

Во Понеделникот на 19.10.2009 година, со почеток од 18:00 часот, во просториите на МКФ се одржа состанок помеѓу СККСГС и членството со следниов ДНЕВЕН РЕД:

1. Анализа и искуствата од дополнителните тестирања за кошаркарските судии и делегати кои оправдано беа отсутни, односно не ги положија тестовите на семинарот во Охрид,
2. Одлуката на клубовите од здружението на младински клубови за воведување на ТЕХНИЧКА ГРЕШКА за ТРЕНЕРИ за ИГРАЊЕ ЗОНА на натпревари од младинските лиги каде играчите се родени 1994 година и помлади,
3. Оставка на претедателот на СККСГС, Г-динот Александар Милојевиќ.

По однос на третата точка СККСГС ве известува дека по повод оставката на досегашниот претседател на СККСГС Г-диннот Александар Милојевиќ, членството формираше трочлена Изборна комисија во состав: Г-дин Слободан Тасески, Г-дин Игор Стојанов и Г-дин Александар Ѓорески.
Комисијата ќе го спроведе изборот за нов претседател на ден 02.11.2009 година, во просториите на МКФ, со почеток од 18:00 часот.

Поздрав,
СККСГС

No comments: