Thursday, October 8, 2009

ОГЛАС ЗА ПРИЕМ НА НОВИ КОШАРКАРСКИ СУДИИ

Судиската Комисија на МКФ, на состанокот одржан на ден 20.08.2009, донесе одлука за објавување на следниот О Г Л А С:

за пријавување на нови кандидати за кошаркарски судии под мотото: БИДЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД КОШАРКАРСКОТО СЕМЕЈСТВО, СТАНЕТЕ КОШАРКАРСКИ СУДИЈА.

Услови:
1. Кандидатите треба да се на возраст од 16 до 26 години,
2. Да имаат претходни познавања од Кошаркарската игра,
3. Да се психофизички способни за тренинг и натпревари.

Заинтересираните кандидати да се пријават во Општинските Судиски Одбори каде што припаѓаат или во најблискиот постоечки Општински Судиски Одбор ако во местото на нивното живеење не постои таков.

Контакт телефони:
Скопје 070 276 286
Струмица 070 605 850
Прилеп 075 308 389
Битола 075 400 730
Куманово 070 782 822
Штип 075 394 333
Кавадарци 070 257 754
Велес 075 281 590
Струга 070 809 799

Се задолжуваат Општинските Судиски Одбори да извршат прием на новите кандидати кошаркарски судии и веднаш да ги вклучат во едукативно-тренажниот процес и за тоа писмено да ја известат Судиската Комисија на МКФ.
Општинските Судиски Одбори во соработка со Судиската Комисија на МКФ ке организираат едукација и полагање на новите кандидати и нивно понатамошно следење и унапредување.

Скопје,02.10.2009
Судиска Комисија на МКФ

No comments: