1. А1 е фаулиран
од Б1 и му се доделени 2 слободни фрлања. После првото слободно фрлање,судиите
откриле дека А1 крвари и тој е заменет со А6 кој треба да го изведе второто
слободно фрлање.Во тој момент бидејки тоа е можност за замена, екипата Б бара да замени 2 играчи. Одобрувате?
2. А1 се наоѓа во момент на шут кога истовремено со сигналот на часовникот за игра за крај на периодот е фаулиран од Б1 и му се доделени 2 слободни фрлања. Интервалот на игра ке започне после комплетирањето на слободните фрлања. Исправно?
3. За време на уфрлање или за време на слободно фрлање, според
проценка на судиите, играчот намерно го оддолжува процесот на земање на топката.Топката постанува жива кога судијата ке ја
стави топката на подот близу до местото на уфрлање или линијата за слободни
фрлања?
4. Екипата А имала посед на
топката 15 секунди. А1 се обидува да ја додаде топката на А2 и топката се движи да ја помине граничната линија. Б1
се обидува да ја спаси топката да не оди надвор од граничните линии и
отскокнува од теренот преку граничната линија. Додека Б1 е сеуште во воздухот, ја
фаќа топката со двете раце и исправно ја враќа на теренот каде А2 остварува
посед на топката. Шут часовникот ке продолжи да работи. Исправно?
5. A1 ја
ослободил (исфрлил) топката за кош од игра од полето за 3 поени. Топката на
својот лет кон кошот во патека на качување исправно е допрена од одбрамбен
играч кој отскокнал од полето за 2 поени. Топката потоа го продолжува својот
лет и влегува во кошот. На екипата А ке и бидат доделени 3 поени бидејки шутот
на А1 е ослободен (исфрлен) од полето за 3 поени. Исправно?
No comments:
Post a Comment