Почитувани колеги,
Како претседател на Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати на Град Скопје, особена чест ми е да Ви ги презентирам добиените резултати од спроведеното тестирање за млади и потенцијални ФИБА судии, каде нашите колеги Давидов Александар и Антовски Боро покажаа завидни резултати и се изборија за учество на клиниката во Сакарија, Р.Турција.
На тестирањето кое се одржа во просториите на МКФ на ден 04.01.2014 год., се појавија вкупно 4 (четири) млади судии кои учествуваа во процесот за избор на млад и потенцијален ФИБА судија кој ќе го претставува македонското судење во Сакарија, Р.Турција во период од 01-08.02.2014 година. Кандидатите најпрво полагаа тест од познавање на кошаркарските правила, потоа тест од познавање на англиски јазик како и интервју на англиски јазик.
Според добиените резултати, составена е табела со следниот редослед:
1. Александар Давидов
2. Боро Антовски
3. Христијан Тасевски
4. Владимир Михајловиќ
Судиската комисија на Град Скопје на двајцата избрани кандидати, кои воедно се и членови на истата, им посакува многу успех на клиниката со надеж дека ќе го потврдат квалитетот и ќе ја оправдаат довербата која им е доделена да го претставуваат кошаркарското судење во Република Македонија.
Со почит,
Слободан Тасевски
No comments:
Post a Comment