Почитувани членови,
Забележете го подолу Конкурсот распишан од страна на Судиската комисија при МКФ:
ДО: Регионалните судиски одбори
Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати при МКФ донесе:
ОДЛУКА ЗА РАСПИШУВАЊЕ НА КОНКУРС
За кандидати за учество на предавања и обука на потенцијални кандидати за учество на Клиника на ФИБА Европа, за стекнување на ранг ФИБА-судија, што треба да се одржи во првиот квартал на 2014 година.
Услови за учество на конкурсот:
- Отсудени натпревари во последните две години во Прва Лига Мажи.
- Одлично познавање на правилата на кошаркарската игра на англиски јазик.
- Одлично познавање на англискиот јазик (читање и пишување).
- Да не е постар од 35 години во календарската 2014 година.
- Уплата на котизација за учество на обуката и предавањата (висината на котизацијата дополнително ќе биде утврдена) заради трошоци на комисијата и ФИБА Националниот инструктор.
Пријавувањето на кандидатите ќе почне од 16 март 2013 и ќе трае до 31 март 2013. Доколку има заинтересирани за учество како слушатели на предавањата, истите ќе бидат од отворен тип и дозволено е слободно слушање, кое е особено пожелно за идни потенцијални кандидати за учество на следни клиники.
Динамиката на обуката (предавања, тестирања, интервју со независен професор по англиски јазик) ќе биде утврдена во соработка со Националниот инструктор, Г-дин Ѓорѓи Пиперков.
Комисијата, чиј состав дополнително ќе биде утврден, ќе изврши рангирање на кандидатите по следните критериуми:
- Години на судење во Прва Лига 15 бода
- Квалитетно отсудени натпревари, број на контроли и добиени оцени, ранг на отсудени натпревари (сениорски, младински, мажи, жени, Куп-натпревари) 20 бода
- Тест – правила од кошаркарската игра (англиски јазик) 25 бода
- Тест – познавање на англиски јазик и интервју со професор 20 бода
- Легер тест 20 бода
Напомена: Можна е корекција во бодувањето на првиот состанок во договор со кандидатите.
Блаже Поповски
Претседател на Судиска комисија при МКФ
No comments:
Post a Comment