Thursday, February 14, 2013

Алија Феревски е новиот ФИБА судија од Македонија

Претседателот на СККСГС и член на оваа организација од 1996 година, Алија Феревски, е новиот ФИБА судија од Македонија.
Феревски се стекна со ова звање на посебно организирана Клиника од страна на ФИБА Европа, која се одржа во Сакарија, Р. Турција од 1ви до 9ти февруари оваа година. Сите кандидати беа подложени на детални тестови и судење натпревари од меѓународниот турнир кој го организираше турската кошаркарска федерација.
Алија Феревски е шестиот меѓународен судија во Македонија, покрај Денковски, Милојевиќ, Митровски И., Павлов и Митровски З.