Saturday, July 14, 2012

ИН МЕМОРИАМ - Славе Анастасовски - Шаро (1933-2012)

На ден 12.7.2012 година, по кратко и тешко боледување почина Славе Анастасовски - Шаро, поранешен сојузен судија, ФИБА судија и ФИБА делегат, почесен член на ФИБА Свет, еден од најпочитуваните легенди на кошаркарската судиска фела во Македонија.
Македонската кошарка остана без еден од своите доајени, кои несебично ги користеа своите бројни контакти во меѓународните кошаркарски кругови, со цел промоција и унапредување на судиската фела во Република Македонија.
Неговите успеси ќе бидат пример за сите помлади колеги судии и делегати, кои несомнено би имале чест да го достигнат неговото ниво на почит, кое го уживаше Славе во земјава, во регионот, во Европа и во светот.

Судиската организација на град Скопје ја изразува својата длабока почит кон неговите успеси и дела и во исто време ја дели тагата за оваа загуба со неговото семејство, пријателите, колегите...

СЛАВА МУ!

No comments: