Wednesday, May 2, 2012

Официјални резултати од полагањето за повисок судиски ранг

Почитувани,

На претпоследната седница на Судиската комисија на МКФ, одржана на ден 26.4.2012 г., едногласно беше усвоен Извештајот на Стручната комисија која беше задолжена за спроведување на полагањата за повисок судиски ранг.
Забележете го во целост нивниот конечен и усвоен извештај:


До: Судиска Комисија на МКФ

CC. Комесар за натпреварување


Предмет: Извештај за полагање на судии за ранг


Почитувани,

Врз основа на програмата за работа и одлуката на СКМКФ, Стручното  тело на Судиската Комисија на МКФ  одржа тестирање и практично полагање на кандидатите за судиски ранг предложени од СКМКФ. Врз основа на резултатите од сите четири делови на полагањето, Стручното  тело,  Ви го поднесува следниот

                    И З В Е Ш Т А Ј

На наведените тестирања се јавија 15 кандидати за ранг Регионален кошаркарски судија и 11 кандидати за ранг Државен кошаркарски судија. Тестирањата и практичните полагања се одржаа во периодот од 26.02.2012 до 04.04.2012 година. На сите тестирања беа применети актуелни и современи тестови кои ги препорачува Меѓународната Кошаркарска Федерација. На полагањето за физичка подготвеност се трчаше физичкиот тест Легер-86 должини. Сите кандидати кои ги положија трите елиминациони делови добија делегирања на првенствени  натпревари во рамките на системот на натпревари на МКФ.
Составен дел на овој извештај се сите тестови и матерјали користени во текот на полагањата, кои ке бидат архивирани во СКМКФ.
Врз основа на резултатите од сите четири делови на испитот за ранг, Стручното тело на СКМКФ ја донесе следната
                                                                         
                                                                            ОДЛУКА

Со ранг Регионален кошаркарски судија се стекнаа:

1.      Данев Орданчо
2.      Златевски Андреј
3.      Николов Лазе
4.      Панов Томи
5.      Петровски Петар
6.      Стојановски Сашко
7.      Тасевски Христијан


Со ранг Државен кошаркарски судија се стекнаа:

1.      Давидов Александар
2.      Крстевски Душан
3.      Мицковски Драге
4.      Стојчевски Саше


Скопје, 06.04.2012                                                                        

Стручно  тело на СКМКФ
1.      Пиперков Ѓорги – Претседател  ср.
2.      Макревски Владимир – член   ср.
3.      Цветаноски Влатко – член   ср.


СККСГС им го честита успехот на колегите кои положија, со желби за долгогодишна и успешна судиска кариера!

No comments: