Friday, October 2, 2009

Извештај за спроведените тестирања на годишниот семинар одржан во Охрид од 25.09.2009 до 27.09.2009 година.

На ден 27.09.2009, во Охрид во рамките на Годишниот семинар на Судиската Комисија на МКФ, врз основа на програмата на семинарот и задолженијата кои произлегуваа од одлуките на Судиската Комисија на МКФ, Стручното тело на Комисијата формира свои подкомисии за спроведување на тестирањата кои во потполност, точно и професионално си ја завршија својата задача и ги доставија до Стручното тело резултатите од тестирањата кои ги спроведоа во Охрид.

Врз база на добиените резултати од тестирањата Стручното тело го поднесува следниов ИЗВЕШТАЈ:

Во закажаните термини комисиите ги одржаа тестирањата и веднаш по завршените тестирања дадоа резултати.

1.Теоретски тест:
Тестовите за сите категории ги подготви Националниот Инструктор Ѓорги Пиперков, со средна тежина и од актуелни ситуации кои се случуваат во текот на играта, без трикови и игра на зборови.
Комисијата за спроведување на теоретското тестирање од познавање на Кошаркарските правила во состав: Ѓорги Пиперков, Владимир Макревски , Сашко Павловски и Владо Цветановски ги достави следните резултати:

А.Судии:
На теоретското тестирање се појавија 65 судии кои поделени во две групи го полагаа тестот за чие решавање добија 45 минути. 56 судии го положија теоретскиот тест. Просечниот процент на грешки по тест изнесува 3.26 што е прилично високо во однос на претходните години и голем број на судиите имаа 4 па и 5 грешки што е навистина ретко. Само двајца судии имаа тест без грешка и тоа Владо Цветановски и Кире Ахтаров.
Тестот не го положија 9 судии и тоа:
1. Влатко Лалков
2. Деан Ажиоски
3. Тони Ангелов
4. Филип Мурговски
5. Илија Филчески
6. Дејан Мерѓановски
7. Владимир Петровски
8. Виктор Ангелов
9. Александар Ташковски

Б. Делегати:
На теоретското тестирање се појавија 32 делегати кои поделени во две групи го полагаа тестот за чие решавање добија 45 минути. 25 делегати го положија теоретскиот тест Просечниот процент на грешки по тест изнесува 4.68 што е прилично високо во однос на претходните години.
Тестот не го положија 7 делегати и тоа:
1. Методија Варошановски
2. Илија Божиновски
3. Владимир Прчков
4. Марјан Ников
5. Бошков Драги
6. Сандо Масев
7. Весна Балазовска

2. Физички тест - Легер:
На физичкиот тест кој се одржа во салата Билјанини извори се појавија 67 судии , од кои 38 го положија тестот, а 29 не го положија физичкиот тест.
Процентот на успешност е 56.7%
Комисијата за спроведување на физичкиот тест во состав: Макревски Владимир, Лекиќ Дејан, Златевски Зоран и Митровски Игор ги достави следните резултати:
Сите судии кои го полагаа тестот беа поделени во 6 групи. Растојанието на делницата за трчање беше 20 метри како што е според прописите и за трчањето е користено оригинално ФИБА ЦД.
Тестот не го положија 29 судии и тоа:
1. Филчески И.
2. Ахтаров К.
3. Ташковски А.
4. Поповски З.
5. Лазаров К.
6. Дамески А.
7. Павловски С.
8. Мицковски Д.
9. Ристовски Б.
10. Поповски В.
11. Тасевски Х.
12. Трајковски З.
13. Терзиевски С.
14. Митев С.
15. Тасевски С.
16. Димовски А.
17. Станчев В.
18. Донев С.
19. Петровиќ М.
20. Јанев Ј.
21. Петровски П.
22. Јосковски Д.
23. Сарџовски А.
24. Ивановски Д.
25. Митев Ј.
26. Мицев Р.
27. Теофиловски А.
28. Гапиќ Р. - не трчал
29. Павловски И.- не бил присутен

ЗАКЛУЧОК:
Резултатите од обете тестирања се подпросечни со низок процент на успешност. Особено загрижува фактот што многу кандидати не го положија физичкиот тест, поради слаба физичка подготовка.
Поголемиот број од судиите кои не го положија физичкиот тест имаат проблем со вишокот на килограми што е најголема причина за неуспехот на тестот.
Стручното тело понатаму заклучува дека организациски тестирањата беа успешно организирани и спроведени од именуваните комисии според сите одредници и усвоени критериуми.

ПРЕДЛОГ:
Стручното работно тело предлага за сите Судии и Делегати кои не ги поминаа тестирањата или од оправдани причини не присуствуваа на семинарот да закаже дополнително тестирање на 18.10.2009 на место и време кои дополнително ке ги утврди и јавно објави.

Скопје 28.09.2009
Судиска Комисија на МКФ

1 comment:

Anonymous said...

Не знаеш который час в твоём городе? Может-быть... есть мега мысль по порталу http://www.Pi7.ru и ...

Думаю вам понравится у меня.

[url=http://www.pi7.ru/video/135-kakaya-zh-neopytnaya-dostalas-mne.html]Видео девочек[/url]
[url=http://www.pi7.ru/video/134-igra-do-orgazma.html]видео юных[/url]