Wednesday, September 16, 2009

С Е М И Н А Р за кошаркарски судии и делегати - 0хрид 2009 година

Почитувани Колеги,

Во согласност со програмата на Судиската комисија при МКФ, ве известуваме за следното:

Семинарот за кошаркарски судии, делегати и делегат-контролори е настан кој Судиската комисија на Македонија го организира секоја година. Наменет е за надополнување на теоретските знаења, запознавање со нови интерпретации и иновации во полето на кошаркарските правила, техника и механика на судење, како и пропозиции за натрпреварување. Исто така, Семинарот служи за тестирање на физичката подготовка на судиите, како и за проверка на теоретските знаења на сите учесници (судии, делегати, делегат-контролори).

Семинарите ги води Судиската комисија, а предавачи се реномирани имиња од кошарката и судењето, како од домашната сцена така и од странство.

За да се подигне нивото на семинарот, Судиската комисија вложува напори да покани реномирани предавачи од ФИБА Европа, ЕВРОЛИГА, БИБЛ и слично. Оваа година, како специјален гостин – предавач е г-динот Шаи Штрикс, Спортски директор на BIBL лигата и поранешен FIBA судија, и еден од најдобрите европски и светски судии г-динот Луиџи Ламоника – преставник на FIBA Europe Referee Department.

Програма за семинарот:

Петок, 25.09.2009

17:00 – 21:00 Пристигнување и регистрација на учесниците,
21:00 – Вечера.

Сабота, 26.09.2009

07:00 – 09:00 Појадок,
09:30 – 10:00 Отварање на семинарот, Претседател на Судиска комисија,
10:00 – 11:00 Теоретско предавање – 1 дел,
11:00 – 11:15 Пауза,
11:15 – 12:00 Теоретско предавање – 2 дел,
12:00 – 12:15 Пауза,
12:15 – 13:00 Работилница 1 дел,
13:00 – 15:00 Пауза за ручек,
15:30 – 16:15 Теоретско предавање – 3 дел,
16:15 – 16:30 Пауза,
16:30 – 17:45 Теоретско предавање – 4 дел,
17:45 – 18:00 Пауза,
18:00 – 19:15 Работилница 2 дел,
19:15 – 20:00 Презентација - Нов формулар за Контрола на судењето,
20:00 – 21:00 Отворена сесија со прашања и одговори,
21:00 – Свечена вечера

Недела, 27.09.2009

07:00 – 09:00 Појадок
09:30 – 11:00 Тест од познавање на правила
11:15 – 12:00 Практично предавање (Сала “Биљанини извори”)
12:15 – 14:00 Легер тест
14:00 - Ручек и затворање на семинарот

Секој учесник при пристигнување во хотелот, ќе треба да се регистрира на пултот за регистрација, видно поставен пред рецепцијата на хотелот. Котизацијата за учество на семинарот изнесува 3000,00 денари. Исто така, секој судија, делегат и делегат-контролор, ќе треба да ги подмират трошоците за “3% од таксите” во претходната натпреварувачка година. Листата за “3%” е превземена од канцеларијата на Комесарот за натпреварување при МКФ. Секој учесник ќе треба да го пополни Индивидуалниот формулар за информации (прикачен во прилог кој го добивте преку e-mail), и заедно со една фотографија да го предаде на одговорните кај пултот за регистрација. По подмирување на овие обврски, учесниците добиваат сет на материјали и опрема за учество на семинар.
Во врска со полагањето на физичкиот тест – Легер, сите судии се обврзани да достават медицинска белешка (потврда) за физичка подготвеност од Овластени медицински установи (Спортска медицина, Институт за физиологија).
Физичкиот тест ќе се изведе во салата “Биљанини извори”, каде ќе се изврши и мерење на тежина и висина на судиите. Со тие параметри ќе се пресметуваа BMI (Body Mass Index).

Поздрав,
СККСГС

No comments: