Thursday, June 25, 2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ 67

Почитувани Колеги,

На ден 21.06.2009 година, во ДСУ „Васил Антевски - Дрен“, Стручното тело на Судиската Комисија на КФМ, врз основа на Планот и програмата за работа и Правилникот на Судиската Комисија при КФМ, спроведе полагање за ранг Регионален и Државен кошаркарски судија според листата на кандидати предложени Градските Судиски Одбори.

Комисијата за спроведување на полагањето во состав:
1. Ѓорѓи Пиперков - Претседател,
2. Владимир Макревски - Член,
3. Владо Цветаноски - Член,
за постигнатите резултати од полагањето го поднесува следниот ИЗВЕШТАЈ:

Во благовремено закажаниот термин, на полагањето од предложените 19 кандидати се јавија следниве кандидати од град Скопје:

За Регионален кошаркарски судија:

1. Антовски Б.
2. Михајловиќ В.
3. Мангрски Ѓ.
4. Гапиќ Р.
5. Стојановски Ј.
6. Давидов А.

За Државен кошаркарски судија:

1. Младеновски А.
2. Стојановиќ Б.
3. Младеновски Н.
4. Павловски И.
5. Митев С.

Кандидатот за Регионален кошаркарски судија Ивановски Ж. не се појави на закажаниот испит.

Врз основа на резултатите од спроведените теоретски и практични тестирања, Комисијата во наведениот состав ја донесе следната ОДЛУКА:

Кандидатите:

1. Антовски Б.
2. Михајловиќ В.
3. Мангрски Ѓ.
4. Стојановски Ј.
5. Давидов А.

успешно ги положија тестовите и се стекнаа со ранг РЕГИОНАЛЕН кошаркарски судија.

Кандидатот:

1. Гапиќ Р.

не го положи испитот.

Кандидатите:

1. Младеновски А.
2. Младеновски Н.

успешно ги положија тестовите и се стекнаа со ранг ДРЖАВЕН кошаркарски судија.

Кандидатите:

1. Стојановиќ Б.
2. Павловски И.
3. Митев С.

не го положија испитот.

ЗАКЛУЧОК:

Комисијата за спроведување на полагањето заклучува дека резултатите од тестирањето се просечни со процент на успешност од 52,6% (10 од 19) кумулативно во обете категории.
Особено загрижува фактот што скоро сите кандидати кои не го положија испитот имаа проблеми со физичкиот тест ЛЕГЕР и со вишокот на килограми, што не би требало да биде така особено на крајот на натпреварувачката сезона. Комисијата понатаму заклучува дека организациски испитот беше успешно организиран од Судиската Комисија при КФМ и спроведен од Стручното тело според сите одредници и усвоени критериуми.

ПРЕПОРАКА:

Стручното работно тело препорачува на сите кандидати кои во иднина ќе полагаат за ранг или за било кој друг вид на полагање, повеќе да вложуваат во себе и подобро да се подготвуваат за испитите како би ги положиле истите, а со што ќе покажаат дека држат до себе и самите се почитуваат себеси и јавната работа која ја извршуваат.

Скопје, 22.06.2009 година,
Стручно работно тело,
Претседател: Ѓорѓи Пиперков

No comments: