Tuesday, June 23, 2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ 66

Почитувани Колеги,

Во Понеделникот на 22.06.2009 година во просториите на Кошаркарската Федерација на Македонија со почеток од 18:00 часот се одржа полагањето за ранг - КОШАРКАРСКИ СУДИЈА.

На полагањето беа присутни следниве кандидати:
1. Бојчев Андреј,
2. Мерџановски Дејан,
3. Петровиќ Мартин,
4. Поповски Алек.

Комисијата во состав Владо Цветаноски и Александар Милојевиќ го спроведе тестирањето од познавањето на Службените кошаркарски правила.

По извршената анализа на тестовите, односно на одговорите од дваесетте (20) прашања, Комисијата го донесе следниов заклучок:

Сите кандидати го положија тестот од познавањето на Службените кошаркарски правила и со тоа се здобија со право на ранг - КОШАРКАРСКИ СУДИЈА.

СККСГС искрено им честита на новите Колеги.

Поздрав,
СККСГС

No comments: