Почитувани колеги,
Во средата на 18.02.2008 година и со почеток од 18:00 часот во просториите на КФМ, по иницијатива на Генералниот Секретар Г-динот Дејан Лекиќ, новоформираната Судиската Комисија на КФМ одржа вонреден состанок на кој присуствуваа и претставникот на Судиската Комисија на Струмица Г-динот Сандо Масев и Комесарите за натпреварување во сениорските и младинските лиги, Г-динот Томе Димишковски и Г-динот Зоран Крстевски.
На состанокот пред се беше разгледувана ситуацијата со откажувањето на номинациите во младинските лиги од страна на градските Судиски Комисии на Струмица и Битола.
По тој повод заеднички став на КФМ и Судиската Комисија на Македонија е следново:
1. Проблемите со откажувањето на номинациите во младинските лиги, заради незадоволството од делегирање во сениорските лиги ќе бидат решени институционално;
2. Никакви уцени и закани од ниту едно официјално лице нема да биде прифатено, ниту сега ниту во иднина;
3. Доколку било кое официјално лице неоправдано откаже номинација за било која лига, автоматски ќе биде избришан од листата на официјални лица на КФМ.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment