Почитувани Колеги,
Во понеделникот на 16.02.2009 година со почеток од 18:00 часот во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија, дел од кошаркарските судии и делегати од град Скопје одржаа работен состанок на кој се дискутираше по следново:
1. Информации за новата Судиска Комисија на кошаркарски судии и делегати на Македонија:
2. Тековни прашања.
По однос на првата точка членството беше информирано и за составот на новата Судиска Комисија на КФМ:
Претседател: Петар Денковски, ФИБА судија;
Потпретседател: Сашко Павловски, Делегат:
Член: Ѓорѓи Пиперков, ФИБА Национален инструктор;
Член: Ѓорѓе Војновиќ, ФИБА делегат,
Член: Зоран Златевски, ФИБА судија;
Член: Игор Митровски, ФИБА судија;
Член: Александар Милојевиќ, ФИБА судија, Претседател на Судиската Комисија на град Скопје;
Член: Тони Ангелов, Државен судија, Претседател на Судиската Комисија на град Кавадарци;
Член: Александар Сарџовски, Државен судија, Претседател на Судиската Комисија на град Битола.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment