Thursday, January 15, 2009

ВИДЕО ПРИМЕР 6

Почитувани Кoлеги,

Погледнете го ВИДЕО ПРИМЕРОТ 6 и дајте го вашето мислење во comments.



При одговор на прашањето имајте го во предвид следново:

Член 25. Чекори

25.1. Дефиниција

25.1.1. Чекори се неправилно движење на едната или двете нозе, во било која насока, додека се држи „жива“ топка на теренот за игра надвор од ограничувањата наведени во овој член.

25.1.2. Пивотирање е правилно движење во кое играчот кој држи „жива“ топка на теренот за игра, исчекори еднаш или повеќе пати во било која насока со истата нога, додека другата нога наречена „пивот нога“ останува во допир со истата точка на подот.

25.2. Правило

25.2.1. Воспоставувањето на пивот нога за играч кој ќе фати „жива“ топка на теренот за игра:

1. Додека стои со двете нозе на подот:
- во моментот кога една нога е подигната, другата станува пивот нога;

2. Додека се движи или води топка:
- ако едната нога го допира подот, таа нога станува пивот нога;
- ако двете нозе се над подот и играчот доскокне со обете нозе истовремено, во моментот кога едната нога е подигната, другата станува пивот нога;
- ако двете нозе се над подот и играчот доскокне на една нога, тогаш таа нога станува пивот нога. Ако играчот отскокне од таа нога и застане приземјувајќи се со двете нозе истовремено, тогаш ниту една нога не е пивот нога.

25.2.2. Движењето со топката, за играч кој има воспоставено пивот нога додека има посед на жива топка на теренот за игра:

1. додека стои со двете нозе на подот:
- на почеток на водење на топката, пивот ногата не смее да биде подигната пред топката да ја напушти раката(цете);
- при додавање или шут на кош од игра, играчот може да отскокне од пивот ногата, но потоа ниту една нога не може да се врати на подот пред топката да ја напушти раката(цете);

2. при двожење:
- при додавање или шут на кош од игра, играчот може да отскокне од пивот ногата и да доскокне истовремено на едната или двете нозе. Потоа едната нога или двете нозе може да се подигнат од подот но ниту една нога не смее да се врати на подот пред топката да ја напушти раката(цете);
- за тргнување во водење топка, пивот ногата не може да биде подигната од подот пред топката да ја напушти раката(цете);

3. додека играч застанува кога ниту една нога не е пивот нога:
- при поаѓање во водење на топката, ниту една нога не може да биде подигната од подот, пред топката да ја напушти раката(цете);
- при додавање или шут на кош од игра, едната или обете нозе може да бидат подигнати од подот, но не можат повторно да допрат го подот, пред топката да ја напушти раката(цете).

25.2.3. Играч кој паѓа , лежи или седи на подот:

1. правилно е играчот да падне додека ја држи топката или додека лежи или седи на подот да оствари посед на топката;

2. не е прекршок ако играчот потоа се лизга, но е прекршок ако се тркала или се обидува да стане додека ја држи топката.

Поздрав,
СККСГС

1 comment:

Makrevski said...

Ne se cekori ,korektna igra