Tuesday, January 20, 2009

СЕМИНАР ЗА КОШАРКАРСКИ СУДИИ И ДЕЛЕГАТИ НА ГРАД СКОПЈЕ

Почитувани Колеги,

Во рамките на своите активности Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати на град Скопје во сабота на 24 јануари 2009 година со почеток во 10 часот ќе организира едукативен Семинар во соработка со Тренерската комисија на Македонија.

Семинарот ќе се одржи во Спортскиот центар „ЈУНИОР - Охридска банка“ - Скопје, а предавачи ќе бидат наши еминентни тренери, кошаркарски судии и делегати.

Поканети се сите заинтересирани, a влезот е слободен.

Распоред на активностите:

10.00 - 10.45 часот Александар Петровиќ, тренер на МЗТ Скопје - ФЛЕКС напад,

10.45 - 11.00 часот Пауза (Спорт кафе),

11.00 - 11.45 часот Владимир Макревски, ФИБА делегат - ПРЕКРШОЦИ,

11.45 - 12.00 часот Пауза (Спорт кафе),

12.00 - 12.45 часот Влатко Цветаноски, Државен судија - МЕХАНИКА НА КОШАРКАРСКОТО СУДЕЊЕ.

Поздрав,
СККСГС

No comments: