Wednesday, December 24, 2008

ИЗВЕСТУВАЊЕ 41

Почитувани Колеги,

СККСГС и дел од членството во изминатиот понеделник на 22.12.2008 година со почеток од 18:00 часот го одржаа последниот работен состанок во 2008 година. На состанокот се разгледуваа следниве прашања:

1. Судиска вечер,
2. Делегирања за младинските лиги и пријателските натпревари и
3. Прашања од тековната проблематика.

По првата точка СККСГС формира Комисија во состав: Александар Милојевиќ, Игор Митровски, Влатко Цветановски, Зоран Крстевски и Љупчо Ристовски која ќе одреди двајца колеги од град Скопје за следниве награди: Најперспективен кошаркарски судија на град Скопје за 2008 година и Кошаркарски судија кој дал посебен придонес во кошаркарското судење за 2008 година.
По втората точка дел од членството предложи: при делегирањата за натпреварите од младинските лиги, како и за пријателските натпревари, предност да имаат оние кошаркарските судии и делегати кои се редовни и активни на состаноците што се одржуваат секој понеделник во просториите на КФМ.

Поздрав,
СККСГС

No comments: