Почитувани Колеги,
СККСГС и дел од членството во понеделникот на 15.12.2008 година со почеток од 18:00 часот во просториите на КФМ одржаа состанок на кој се разговараше за следниве точки:
1. Судиска вечер,
2. Семинар за кошаркарски судии и делегати.
По однос на првата точка Комисијата за организирањето на традиционалната Судиска вечер во состав Иван Мијалковски, Слободан Тасевски и Александар Димовски ги претстави понудите од рестораните: Боними, Бравос и Хермес.
СККСГС и членството одлучија оваа година Судиската вечер да се одржи во ресторанот ХЕРМЕС кој се наоѓа во трговскиот центар Лептокарија.
Во истоимениот ресторан на 26.12.2008 година - ПЕТОК, со почеток од 20:00 часот ќе се одржи традиционалната Судиска вечер.
Цената на менито изнесува 600,00 денари по особа и се плаќа по пристигнување во ресторанот.
Во цената влегува:
- мешана салата,
- пирошка мала,
- похован кашкавал,
- 2 парчиња месо (плескавица и пилешки стек со гарнир),
- 3 пијалока (без виски),
- секој нареден пијалок - попуст 15%.
По однос на втората точка, СККСГС одлучи, едукативниот семинар за кошаркарските судии и делегати на град Скопје да се одржи на 17 и 18.01.2009 година (сабота и недела), една недела пред почетокот на вториот дел од младинските и сениорските лиги организирани од КФМ.
За подетални информации околу семинарот ќе бидете накнадно известени.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment