Wednesday, September 24, 2008

ИЗВЕСТУВАЊЕ 28

Почитувани Колеги,

Претседателот на Комисијата за полагање за ранг на кошаркарски судија која беше формирана од Судиската комисија на Македонија ја извести СККСГС за резултатите од полагањето за ранг спроведено за време на Купот на Македонија одржан во Кавадарци.

Комисијата составена од:
Претседател - Ѓорѓи Пиперков – Национален ФИБА инструктор,
Потпретседател - Блаже Поповски – Делегат - контролор,
Потпретседател - Тони Ангелов – Државен судија, оцени дека:

Од 14-те кошаркарски судии кои се пријавија на полагањето за ранг на Регионален и Државен кошаркарски судија положија:

За Државен кошаркарски судија:
- Васко Пиљафов,

За Регионален кошаркарски судија:
- Сашо Стојчевски и Александар Стоилков,

Останатите 11 кандидати не ги положија предвидените тестови.

Поздрав,
СККСГС

No comments: