Бобан Радуловиќ
- Кошаркарски делегат
- Новинар во дневниот спортски весник Македонски спорт
СЕ ОДРЖА ПРВОТО СОБРАНИЕ НА ЗМКТ
Тренерите се обединија
Она што го наумија, тренерите во Македонија, поточно 43 од нив кои присуствуваа на првото крстено и како историско Собрание, и го сторија. Го формираа Здружението на македонските кошаркарски тренери (ЗМКТ), а за претседател го избраа Јорданчо Давитков.
"Тренери, обединете се", паролата по која се водеа македонските кошаркарски тренери сите овие години наназад, од саботата стана и реалност.
На покана на Инцијативниот Одбор (во кој наводно членувале 10-12 тренери), се одржа првото Собрание на македонските кошаркарски тренери.
На истата седница, од конститутивен карактер, се појавија 43 македонски тренери, во најголем дел од главниот град и претежно со помал број години на работен стаж, а со видливо отсуство на неколкумина од водечките македонски клубови.
Се собраа тренерите со една единствена цел, да се формира толку очекуваното Здружение на македонските кошаркарски тренери (ЗМКТ).
И успеаја во тоа, влегоа во историјата на македонската кошарка.
По речиси однапред подготвено сценарио, откако претходно беше усвоен Статутот на Здружението, практично, без противкандидат (иако беше предложен и актуелниот претседател на Тренерската комисија на КФМ, Драган Василов), едногласно, со 43 гласа "ЗА", за свој претседател го избраа Јорданчо Давитков.
По истото сценарио, а по поздравниот говор, новиот предводник на македонските кошаркарски тренери експресно го предложи составот на Управниот одбор во кој влегоа најголем дел од членовите на Иницијативниот одбор. Поточно освен претседателот уште и: Видоја Секуловски, Александар Петровиќ, Александар Тодоров, Марјан Лазовски, Саша Димитријевиќ, Панче Милевски, Александар Књазев, Драган Василов, Горан Крстевски и Драго Јанков.
Здружението доби и нов Надзорен одбор. По извршените консултации, членови на ова тело ќе бидат Ѓорѓе Војновиќ, Милан Наумовски и Ленче Алексовска-Величковска.
На подоцна одржаната прва седница на УО на Здружението дознавме дека за генерален секретар на ЗМКТ е избран Саша Димитријевиќ.
Здружението кое во иднина ќе работи на максимална заштита на нашиот тренерски, како што потврдија иницијаторите, било одобрено и од претседателот на КФМ, Даниел Димевски, кој дал максимална поддршка за овој тренерски проект.
No comments:
Post a Comment