Дел од кошаркарските судии и делегати од град Скопје како и претставници од СККСГС во понеделникот на 12.05.2008 година одржаа редовен состанок во просториите на КФМ со следниов ДНЕВЕН РЕД:
1. Финален турнир во машка конкуренција за категоријата на играчи родени 95 и помлади,
2. Искуствата од меѓународниот младински кошаркарски турнир Гетеборг 2008 на кој присуствуваа и активно зедоа учество и кошаркарски судии од Скопје.
По однос на првата точка се дискутираше за начинот, бројот и составот на кошаркарските судии и делегати кои ќе бидат делегирани за финалниот турнир кој ќе се одржи во Скопје во салата „Јане Сандански“ на 17 и 18.05.2008 година.

По однос на втората точка ви ги претставуваме седумте млади кошаркарски судии од Скопје кои судеа на младинскиот турнир во Гетеборг - Шведска:
1. Александар Димовски,
2. Иван Мијалковски,
3. Жарко Лукиќ,
4. Ристо Гапиќ,
5. Дарко Симоновски,
6. Игор Павловски и
7. Ѓорѓи Мангрски.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment