Tuesday, March 25, 2008

ИЗВЕСТУВАЊЕ 8

Почитувани Колеги,

Дел од кошаркарските судии и делегати од град Скопје како и претставниците од СККСГС во понеделникот на 24.03.2008 година одржаа редовен состанок во просториите на КФМ со следниов ДНЕВЕН РЕД:

1. Презентирање на заклучоците од состанокот на здружението на младински кошаркарски клубови при КФМ, на кој присуствуваше и претседателот на СККСГС,
2. Искуствата од меѓународниот младински кошаркарски турнир Виена 2008 во Австрија на кој присуствуваа и кошаркарски судии од Скопје,
3. Разно.

По првата точка претставниците на Здружението на младински лиги и на СККСГС договорија:

Од 29.03.2008 година доколку тренерите на екипите не поседуваат тренерски лиценци, во согласност со членот 14 од пропозициите за натпреварување за млади категории при КФМ, натпреварот нема да се одигра и истиот ќе биде регистриран со службен резултат за противничката екипа.

Во продолжеток ви го презентираме и членот 14 од пропозициите за млади категории.

Одредбите од овој член во пишана форма може да ги најдете и во канцеларијата на комесарот за млади Г-динот Зоран Крстевски и тоа на страна 7 (од 33) од истоимените пропозиции, или:

Член 14. ТРЕНЕРИ

Член 14.1 Должноста тренер или помошник на тренерот можат да ја извршуваат лица само кои поседуваат тренерска легитимација, издадена и заверена од страна на Тренерската комисија на КФМ.

Член 14.2 Лице кое не ги исполнува условите од претходната ставка, не смее да извршува должност - тренер или помошник на тренерот.

Член 14.3 Тренер или помошен тренер на екипата, нема право да се наоѓа на клупата на екипата, доколку не приложи заверена легитимација за тековната натпреварувачка сезона од КФМ, а натпреварот нема да се одигра.

Член 14.4 Доколку екипата, не одигра два (2) натпревари во одреден степен на натпреварување без тренер со заверена лиценца, согласно член 14.3, натпреварот(те) ќе бидат регистриран(и) со службен резултат 2:0 за противникот, а екипата не добива бод за одиграниот натпревар(и) предвиден за пораз, согласно одредбите од овие Пропозиции и Правилникот за натпреварување.

Член 14.5 Тренерот, во случај да нема помошник, може да биде заменет со Техничкиот раководител во текот на натпреварот, но само доколку тренерот оправдано мора да го напушти теренот или е исклучен од игра.

Член 14.6 Тренерот или помошниот тренер, се единствени претставници на екипата кои можат да комуницираат со помошните судии. Еден од нив може во текот на натпреварот, при прекин на играта и запрен часовник за игра, да стави одредена забелешка на работата и објективноста на помошните судии и тоа кај делегатот на натпреварот, кој оценува дали треба да ги извести судиите.

Член 14.7 Исклучен тренер или помошен тренер, службен претставник или било кое лице од листата на пријавени службени лица или играчи за натпреварот, мора до крајот на натпреварот да отиде и остане во соблекувалната на неговата екипа или доколку тој така одлучи, да ја напушти спортската сала - објектот.

Член 14.8 Во случај на изречена казна, забрана на обавување на должност на тренер или помошен тренер на клубот, истиот на наредниот(те) натпревар(и) може да седи во гледалиштето, но не на онаа страна на трибините каде се наоѓаат клупите.

По однос на втората точка ви ги претставуваме седумте млади кошаркарски судии од Скопје кои достојно го претставуваа македонското судење во Виена. За повеќе информации килкнете тука.



Во врска со третата точка ве известуваме дека СККСГС договори соработака со општините на територијата на град Скопје - Аеродром и Карош.
Истоимените општини започнувајќи од 26.03.2007 година ќе организираат кошаркарски турнири за основните односно средните училишта кои гравитираат на нивните територии.
СККСГС поточно Комисијата за делегирање при СККСГС е одговорна за делегирањето на кошаркарски и помошни судии на овие турнири.
На состанокот помеѓу претставниците на СККСГС и општините Аеродром и Карпош се донесе и следниов заклучок:
- Кошаркарските како и помошните судии кои ќе бидат делегирани на овие турнири ќе добијат соодветна надомест - судиска такса за извршената работа.

Со почит,
СККСГС

No comments: