Почитувани Колеги,
Погледнете го ВИДЕО ПРИМЕРОТ 4 и дајте го вашиот одговор кај ПРАШАЊЕ НА НЕДЕЛАТА (десно на вашиот екран, под логото на СККСГС)
При одговор на прашањето имајте го во предвид и следново:
1. Членот 33. (Контакт – општи принципи), поточно членот 33. 8 – Пробивање вели:
Пробивањето е неправилен личен контакт со или без топка, со гурање или движење во градите (торзото) на противничкиот играч.
При досудувањето на грешка - ПРОБИВАЊЕ СО ТОПКА треба да се имаат во предвид следниве принципи:
а. Одбранбениот играч мора да има воспоставено почетна легална одбранбена позиција - со лице свртен кон играчот со топка и со двете нозе на под,
б. Одбранбениот играч може да биде статичен, да скокне вертикално или да се движи странично или назад во насока да ја задржи легалната одбранбена позиција,
в. Кога се движи за да ја задржи почетната легална позиција, едната или двете нозе можат да бидат подигнати за момент, се додека движењето е странично или назад, но не кон играчот со топка,
г. Контактот ако се случи на торзото, во тој случај се смета дека одбранбениот играч бил прв на местото,
д. Откако одбранбениот играч воспоставил легална одбранбена позиција истиот може да се заврти во својот цилиндар за да избегне повреда.
2. Членот 38. (Техничка грешка), поточно членот 38.3.1 – Дефиниција за Техничка грешка вели:
Техничка грешка е грешка на играч која не е резултат на контакт, туку грешка од природа на однесување и не е ограничена со:
- паѓање со цел да се одглуми грешка.
Се почесто сме сведоци (а тоа претставува и проблем во НБА) на фрлањето на одбранбените играчи на под со цел да симулираат пробивање со топка, а при тоа да стекнат:
а. Неспортска предност при досудувањето на непостоечки грешки во напад,
б. Неспортска атмосфера на публиката кон кошаркарските судиите со цел вршење на притисок.
Најтежок дел кај спроведувањето на членот 38.3.1 е тоа што се уште не е утврден јасен критериум за оценување на ситуациите и истите варираат од случај до случај. Пред да се досуди ТЕХНИЧКА ГРЕШКА за глумење треба да се земе во предвид следново:
1. Дали одбранбениот играч е во правилна почетна одбранбена позиција?
2. Дали одбранбениот играч прв се нашол на местото каде се случил контактот?
3. Дали одбранбениот играчот бил на пети, прсти или во нестабилна положба?
4. Каков бил интезитетот на контактот и ако бил занемарлив треба да биде игнориран.
5. Ако контактот не е на торзо и одбранбениот играч театрално падне, се досудува ТЕХНИЧКА ГРЕШКА.
6. Исто така ако одбранбениот играч падне без никаков контакт тоа е ТЕХНИЧКА ГРЕШКА.
7. Постојат ситуации и контакти каде одбранбениот играч провоцира, но тие не се секогаш ТЕХНИЧКА ГРЕШКА.
Со почит,
СККСГС
1 comment:
чётко, кратко и интересно. наверное правильно говорят, что краткость сестра таланта
Post a Comment