
Од анализата на тестот за познавањето на службените кошаркарски правила што ја направи СККСГС ви ги презинтираме следниве податоци:
Поставени 15 прашања од познавање на службените кошаркарски правила,
Одговориле 32-ца колеги - кошаркарски судии и делегати од вкупно 58 или 55,17%,
Од 15 прашања - вкупно одговори под ДА се 7 или 47%, а под НЕ се 8 или 53% од 15 прашања,
Оценување според следнaва скала:
Оценка 1 или НЕДОВОЛЕН (од 1,0 до 1,4 или од 0% до 29%);
Оценка 2 или ДОВОЛЕН (од 1,5 до 2,4 или од 30% до 49%);
Оценка 3 или ДОБАР (од 2,5 до 3,4 или од 50% до 69%);
Оценка 4 или МНОГУ ДОБАР (од 3,5 до 4,4 или од 70% до 89%) и
Оценка 5 или ОДЛИЧЕН (од 4,5 до 5,0 или од 90% до 100%).
Начин на оценување: Се земаат во предвид само процентите на точните одговори и се споредуваат со вредностите во скалата.
ПРАШАЊА:
1. Дали играчот кој добил втора ТГ ќе биде исклучен?
Правило 6. - ГРЕШКИ
Член 38. Техничка грешка - е грешка на играч која не е резултат на контакт, туку грешка од природа на однесување.
Правило 7. - ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 40. 1. Играч кој направил 5 грешки, лични грешки и/или технички грешки мора веднаш да ја напушти играта во рок од 30 секунди.
Точен одговор на прашањето бр. 1: НЕ
Одговориле: ДА 4 колеги или 12,5%;
Одговориле: НЕ 28 колеги или 87,5%.
ОЦЕНКА: 4
2. Дали капитенот на екипата го одредува шутерот на слободните фрлања во случај на Техничка грешка?
Правило 3. - ЕКИПИ
Член 7. Тренери - Должности и права;
Член 7.9. - Тренерот ќе го одреди изведувачот на слободни фрлања на својата екипа во сите ситуации кога изведувачот на слободните фрлања не е одреден со правилата.
Точен одговор на прашањето бр. 2: НЕ
Одговориле: ДА 15 колеги или 46,8%;
Одговориле: НЕ 17 колеги или 53,2%
ОЦЕНКА: 3
3. Топката случајно влегува во кошот одоздола. Оваа ситуација се смета за потфрлање?
Правило 4. - ПРАВИЛА ЗА ИГРА
Член 16. Погодок: Кога е постигнат и негова вредност;
Член 16.2.4. - Ако играчот причини целата топка да влезе во кошот одоздола тоа е прекршок.
Точен одговор на прашањето бр. 3: НЕ
Одговориле: ДА 6 колеги или 18,7%;
Одговориле: НЕ 26 колеги или 81,3%
ОЦЕНКА: 4
4. Досудена е НГ на играчот А7. Тренерот на екипата А бара да го замени овој играч. Второто слободно фрлање е неуспешно. Може ли А7 да биде заменет пред да биде изведено уфрлањето на топката од средина?
Правило 4. - ПРАВИЛА ЗА ИГРА
Член 19. Замена;
Член 19.3.9. - Ако барањето за замена е поднесено од било која екипа откако топката е на располагање на изведувачот за прво или единствено слободно фрлање, замената ќе биде одобрена ако:
- е проследено со уфрлање од продолжената средна линија.
Точен одговор на прашањето бр. 4: ДА
Одговориле: ДА 30 колеги или 93,7%;
Одговориле: НЕ 2 колеги или 6,3%
ОЦЕНКА: 5
5. За време на последното слободно фрлање шутерот на истото направил прекршок. Може ли да бидат заменети сите играчи на теренот?
Правило 4. - ПРАВИЛА ЗА ИГРА
Член 19. Замена;
Член 19.3.9. - Ако барањето за замена е поднесено од било која екипа откако топката е на располагање на изведувачот за прво или единствено слободно фрлање, замената ќе биде одобрена ако:
- е досуден прекршок пред топката да стане *жива* после последното или единственото слободно фрлање. Во овој случај замената/те ќе биде/ат дозволени пред да биде изведено уфрлувањето.
Точен одговор на прашањето бр. 5: ДА
Одговориле: ДА 29 колеги или 90,6%;
Одговориле: НЕ 3 колеги или 9,4%
ОЦЕНКА: 5
6. Непосредно пред истекот на времето за игра во првата четвртина играчот А5 шутнал кон противничкиот кош кога се слушнала сирената за крај на периодот. Топката е во контакт со обрачот кога одбранбениот играч Б7 ја одбива подалеку од кошот. Легално?
Правило 5. - ПРЕКРШОЦИ
Член 31. Топка во слегувачка патека кон кош и игра на обрач;
Член 31.2.6. Додека топката е во лет кон кошот, за погодок од игра и потоа:
- Се огласи сигналот на часовникот за игра за крај на период, ниту еден играч не смее да ја допре топката откако таа го допрела обрачот, се додека таа сеуште има можност да влезе во кошот.
Точен одговор на прашањето бр. 6: НЕ
Одговориле: ДА 8 колеги или 25%;
Одговориле: НЕ 24 колеги или 75%
ОЦЕНКА: 4
7. После последното слободно фрлање А5 и Б7 скокајќи за топката прават обострана лична грешка. Топката потоа влегува во кошот. Дали е ова ситуација на потфрлање?
Правило 6. ГРЕШКИ
Член 35. Обострана грешка
Член 35.2.2. Ако се случи обострана грешка и во исто време е постигнат погодок од игра или од единствено/последно слободно фрлање погодокот ќе важи, а топката ќе биде доделена на екипата која примила погодок.
Точен одговор на прашањето бр. 7: НЕ
Одговориле: ДА 2 колеги или 6,3%;
Одговориле: НЕ 30 колеги или 93,7%
ОЦЕНКА: 5
8. Играчот - Тренер направил 5-та лична грешка и го напуштил теренот како играч. Може ли сега да продолжи како тренер?
Правило 3. ЕКИПИ
Член 7. Тренери - должности и права.
Член 7. 8. Играч може да делува како тренер. Ако ја напушти играта од оправдани причини, тој може да продолжи да делува како тренер, а ако замине поради исклучувачка грешка или поради повреда, неговата замена ќе го замени како тренер.
Точен одговор на прашањето бр. 8: ДА
Одговориле: ДА 30 колеги или 93,7%;
Одговориле: НЕ 2 колеги или 6,3%
ОЦЕНКА: 5
9. Одбранбениот играч Б6 неправилно играл со топката која е на обрачот за што е санкциониран од судијата. Може ли екипата Б да направи измена по прекршокот?
Правило 4. ПРАВИЛА ЗА ИГРА.
Член 19. Замена
Член 19.2.2. Можноста за замена започнува за двете екипи кога:
- топката ќе стане *мртва*, часовникот за игра е запрен и судијата ја завршил комуникацијата со записничката маса.
Точен одговор на прашањето бр. 9: ДА
Одговориле: ДА 30 колеги или 93,7%;
Одговориле: НЕ 2 колеги или6,3%
ОЦЕНКА: 5
10. Играчот А6 и Б5 цврсто ја држат топката во предното поле на екипата А во близина на средната линија, кога играчот А6 стапнал во своето задно поле во обид да ја задржи контролата на топката. Прекршок - вратена топка?
Правило 4. ПРАВИЛА ЗА ИГРА.
Член 12. Потфрлување на топката, наизменичен посед
Член 12.3. Ситуација на потфрлување на топката се случува кога:
- Е досудена држана топка.
Правило 5. ПРЕКРШОК.
Член 23. Играч надвор од гранични линии и топка надвор од гранични линии
Член 23.2.3. Ако играч(и) се движи(ат) надвор од граничните линии или во своето задно поле за време на држена топка, се случува ситуација на потфрлање.
Точен одговор на прашањето бр. 10: НЕ
Одговориле: ДА 15 колеги или 46,8%;
Одговориле: НЕ 17 колеги или 53,2%
ОЦЕНКА: 3
11. 8 минути пред почетокот на натпреварот ТГ е досудена против играчот А5. Оваа ТГ ќе му биде забележена на истоимениот играч, а истата ќе се смета како прва грешка на екипата во првата четвртина. Исправно?
Правило 6. ГРЕШКИ.
Член 38.4.1. Ако ТГ е направена:
- од играч, таа ќе се смета како една од грешките на екипата,
Член 38.4.2. Ќе бидат доделени 2 слободни фрлања проследени со:
- потфрлување на топката во централниот круг за почетокот на првиот период.
Точен одговор на прашањето бр. 11: ДА
Одговориле: ДА 28 колеги или 87,5%;
Одговориле: НЕ 4 колеги или 12,5%
ОЦЕНКА: 4
12. Играчот А5 се обидува за заврши со двочекор кон противничкиот кош. Континуираното движење започнало но топката не ги напуштила рацете на шутерот, кога е досудена лична грешка врз соиграчот А6. Топката влегува во кошот. Кошот важи?
Правило 4. ПРАВИЛА ЗА ИГРА.
Член 15. Играч во момент на шут
Член 15.3. Континуирано движење во момент на шут започнува:
- кога топката ќе застане во дланката(ите) на играчот и ќе започне обид за постигнување на погодок, со движење вообичаено нагоре кон кошот,
- подразбира движење на раката(цете) и/или телото на играчот во неговиот обид да постигне погодок од игра,
- завршува кога топката ќе ја напушти раката(цете) на играчот или ако се случи потполно нов момент на шут.
Важно: На играчот кој се обидува да постигне погодок, противникот може да му ја држи раката(цете) и со тоа да го попречува обидот, па сепак СУДИЈАТА да смета дека тој се обидува да постигне погодок. Во овој случај не е важно дали топката ја напуштила раката(цете) на играчот.
Точен одговор на прашањето бр. 12: ДА
Одговориле: ДА 27 колеги или 84,3%;
Одговориле: НЕ 5 колеги или 15,7%
ОЦЕНКА: 4
13. Играчот А6 изведува скок шут кон кошот на екипата Б. Б5 го блокира шутот и топката се враќа во рацете на А6 и тој заедно со неа стапнува на подот. Дали се ова чекори?
Правило 4. ПРАВИЛА ЗА ИГРА.
Член 14. Посед на топка
Член 14.3. Поседот на топката завршува кога:
- противникот ќе оствари посед на топка;
- топката ќе стане *мртва*;
- топката ја/ги напушта раката(цете) на играчот при шут на кош од игра или од слободно фрлање.
Точен одговор на прашањето бр. 13: НЕ
Одговориле: ДА 2 колеги или 6,25%;
Одговориле: НЕ 30 колеги или 93,75%
ОЦЕНКА: 5
14. Играчот А4 ја води топката во своето предно поле кога истата случајно го удира во ногата и се стркалува подалеку од него. Тој прави три чекори кон нејзе ја подига од подот и повторно почнува да ја води. Легална акција?
Правило 4. ПРАВИЛА ЗА ИГРА.
Член 13. Како се игра со топка,
Член 13.2.1. Случаен контакт или допирање на топката со кој било дел од ногата не е прекршок.
Правило 5. ПРЕКРШОЦИ
Член 24. Водење на топка,
Член 24.1.2. Играч кој случајно ја загуби, а потоа повторно ќе оствари посед на *жива* топка на теренот за игра, ќе се смета дека несмасно ја контролира топката,
Член 24.1.3. Несмасно водење не е водење на топка и се смета дека е несмасна контрола на почетокот или на крајот на водењето на топката,
Член 24.2. Играчот нема да ја води топката по втор пат, откако завршил со првото водење, освен ако помеѓу двете водења на топката тој не го загубил поседот на *жива* топка на теренот за игра поради:
- несмасна контрола на топката, при што топката допрела или ја допрел друг играч.
Точен одговор на прашањето бр. 14: НЕ
Одговориле: ДА 11 колеги или 34,37%;
Одговориле: НЕ 21 колега или 65,62%
ОЦЕНКА: 3
15. Судијата досудил неправилно играње со топката во слегувачка патека од играчот од нападот А8. Дали судијата по овој прекршок мора да ја земе топката во своите раце пред екипата Б да го изведе угфрлувањето на топката во игра?
Правило 5. ПРЕКРШОЦИ.
Член 31. Топка во слегувачка патека кон кошот и попречуавње,
Член 31.3.1. Ако прекршокот е направен од играчот од нападот поените нема да бидат доделени. Топката ќе биде доделена на противникот за уфрлување од продолжената линија за слободни фрлања, ако на друг начин не е регулирано во правилата.
Член 31.3.2. Ако прекршокот е направен од играчот од одбраната, на екипата која е во напад ќе и бидат доделени поени исто како топката да влегла во кошот.
Точен одговор на прашањето бр. 15: ДА
Одговориле: ДА 27 колеги или 84,4%;
Одговориле: НЕ 5 колеги или 15,6%
ОЦЕНКА: 4
Оценки по прашања:
Прашање 1 оценка 4
Прашање 2 оценка 3
Прашање 3 оценка 4
Прашање 4 оценка 5
Прашање 5 оценка 5
Прашање 6 оценка 4
Прашање 7 оценка 5
Прашање 8 оценка 5
Прашање 9 оценка 5
Прашање 10 оценка 3
Прашање 11 оценка 4
Прашање 12 оценка 4
Прашање 13 оценка 5
Прашање 14 оценка 3
Прашање 15 оценка 4
Збирот на сите 15 прашања е 63
Средна оценка = ( П1+П2+ . . . . +П15) / (бројот на прашањата) или
Средна оценка = 63 / 15
Средна оценка = 4,2 (84%) или
МНОГУ ДОБРО познавање на службените кошаркарски правила.
Со почит,
СККСГС
No comments:
Post a Comment