Friday, February 15, 2008

Состанок на раководството на СККСГС

Почитувани Колеги,

Раководството на СККСГС на ден 15.02.2007 година - Петок, со почеток од 18:00 часот одржа работен состанок со следниов Дневен ред:

1. Разгледување на оставката на член од раководството на СККСГС;
2. Состојбите во и околу Здружението на кошаркарските судии и делегати на Македонија;
3. Разно

По првата точка членовите од раководството на СККСГС ја прифатија оставката на сега веќе поранешниот член во истоименото раководството. Истите донесоа одлука, во наредниот период на еден од состаноците со членството да покренат иницијатива за кооптирање на нов член.

За втората точка раководството на СККСГС одлучи во ПОНЕДЕЛНИК на 18.02.2008 со почеток од 18:00 часот во просториите на КФМ да ги повика:

1. Претседателот на Здружението на кошаркарски судии и делегати на Македонија,
2. Претставници од Работната група за свикување на вонредно собрание, формирана од Судиската комисија на Македонија.

Ја користиме оваа можност и ги известуваме:
- Сите членови - Кошаркарски судии и делегати на град Скопје,
- Горенаведените Субјекти (под точка 1 и 2)
да присуствуваат на состанокот и да земат активно учество со размена на конструктивни идеи и мислења со цел Здружението на кошаркарските судии и делегати да профункционира.

Под точката разно раководството на СККСГС меѓу другото разгледуваше можни легални постапки кои ги планира во блиска иднина поврзани со Здружението на кошаркарски судии и делегати на Македонија

Со почит,
СККСГС

No comments: