Tuesday, September 13, 2011

IN MEMORIAM - Љупчо Ристевски-Пунти (1949-2011)


Со големо жалење, ве информираме дека по долго боледување, на 62-годишна возраст почина нашиот почитуван член Љупчо Ристевски - Пунти.
Како еден од најистакнатите судии во поранешна Југославија, но и во Европа, Пунти беше повеќе од достоен репрезент на македонската кошарка. Успешно извршување и неколку раководни функции во неколку македонски клубови, како и во куќата на македонската кошарка.
Смртта го затекна како актуелен FIBA делегат и делегат-контролор во македонските првенства.

Судиската комисија на кошаркарските судии и делегати на град Скопје, од името на целото членство, испраќа пораки на сочуство до семејството и најблиските на Пунти.

Светлина на неговиот вечен дом.

Слава му.

No comments: