Monday, April 26, 2010

ИЗВЕСТУВАЊЕ 72

На состанокот одржан на 26.4.2010 беа разгледани следните точки од дневниот ред:

1. Едукација со прашања од тестовите за ФИБА кандидати:
Преку работа во групи, беа одговорени десетина прашања поставени од ФИБА националниот инструктор Ѓорѓи Пиперков

2. Делегирање за финале во Средношколската лига на град Скопје (мажи и жени)
Делегирани се следните судии за финалињата во женска и машка конкуренција:
Финале жени - 13.00 ч.: Михајловиќ В. - Митев С. - Давидов А.
Финале мажи - 14.00 ч.: Ѓорески А. - Тасевски С. - Мангрски Ѓ.

Натпреварите се играат во салата „Расадник“ во Скопје.

3. Разно
Под точката разно Претседателот ги информираше членовите дека е поканет на состанок на Здружението за млади категории при МКФ, кој треба да се одржи на 29.4, со цел координација пред претстојните завршни турнири. Тој ги замоли членовите доколку имаат предлози, сугестии и забелешки во врска со младинските лиги, истите да ги пратат на sudiska_komisija@yahoo.com најдоцна до среда (28.4) во 21.00 и истите ќе бидат презентирани на состанокот на Здружението за млади.

На крајот беше потенцирано дека и наредниот состанок ќе биде од едукативна природа, со надеж дека истиот ќе биде со голема посетеност како и денешниот.

No comments: