Tuesday, April 20, 2010

ИЗВЕСТУВАЊЕ 71

На состанокот на членството одржан на 19.4.2010 беа разгледани следниве точки:

1. Информации за тековните натпреварувања:
Беа дадени информации за тековните натпреварувања (младински лиги, средни училишта, универзитетска лига), како и информации за завршните турнири и задоволството од добро отсудените натпревари на финалните натпревари во општинските лиги во Карпош, Центар и Кисела Вода.
Претседателот, од името на СККСГС и од лично име, им честита на младите колеги, кои исто како и во текот на сезоната така и на завршните натпревари беа на висина на својата задача.

2. Претставување на програмата за едукација:
Во периодот што следува, во кој се играат завршните натпревари од повеќето лиги, од голема важност е едукацијата на членовите на АКСДГС, особено на младите судии. Според усвоената програма, почнувајќи од 26.4.2010, па се’ до крајот на јуни, на секој од редовните состаноци на АКСДГС ќе биде застапена едукацијата, преку работа во работни групи, видео ситуации и предавања реализирани со ФИБА националниот инструктор Ѓ. Пиперков, како и во соработка со други членови на нашата организација.
За секое предавање, т.е. за неговата тематика, членовите ќе бидат информирани преку е-маил и преку блогот на СККСГС неколку дена однапред.

3. Разно:
По оваа точка претседателот им даде збор на г-дата Пиперков Ѓ. и Митровски И., со цел пренесување на своите впечатоци од нивното учество на завршниот турнир на БИБЛ-лигата, и на Фајнл-фор Евролига-жени, настани кои балканската и европската кошаркарска јавност ги проследи со голем интерес.

На крајот од состанокот, претседателот ги повика сите членови, особено младите судии, во наредниот период да бидат поредовни на состаноците заради едукација и размена на драгоцени искуства.

No comments: