Бобан Радуловиќ
Новинар во дневниот спортски печатен медиум - Македонски спорт
Делегат во младинските лиги при КФМ
Искуство плус
Седум наши, претежно млади судии од Скопје, веќе неколку дена се наоѓаат во Австрија, поточно во Виена и тоа како дел од големиот меѓународен кошаркарски турнир за млади кошаркари.
Македонската кошарка на ова масовно дружење во австриската престолнина ја претставуваат: Иван Мијалковски, Александар Димовски, Ѓорѓи Мангрски, Игор Павловски, Стојан Митев, Ристо Гапиќ и Небојша Младеновски.
"Ова е можеби и најголемиот, поточно најмасовниот турнир во Европа за млади категории. Воедно големиот број натпревари во текот на денот ни носи доста обврски, но во исто време и поголема можност за надградување на знаењето"- велат нашите момчиња.
Од 17 до 22 март, на овој турнир во Виена ќе продефилираат преку 500 екипи од цела Европа, една навистина импозантна бројка на учесници на возраст од 11 до 20 години.
"Без оглед на тоа, овде сите работи се поставени на своето место. Засега се е во најдобар ред. Се надеваме дека ќе имаме 'работа' и на оние финални натпревари"- велат нашите млади судии.
No comments:
Post a Comment