Saturday, March 22, 2008

ИЗВЕСТУВАЊЕ 7

СККСГС во понеделникот на 17.03.2008 година во просториите на КФМ одржа состанок со своето членство со следниов ДНЕВЕН РЕД:

1. Искуствата од полагањето за ранг на кошаркарски судија (регионален и државен) кое се одржа во Кавадарци за време на Купот на Р. Македонија (15.03.2008 година) на кое СККСГС имаше предложено свои кандидати,
2. Договор на СККСГС и членството за настап пред Здружението на Младински клубови кое ќе се одржи состанок во вторник на 18.03.2008 година со почеток од 12 часот,
3. Разно.

По однос на третата точка СККСГС одлучи:

Почитувани Колеги,

Членот 30 од статутот на КФМ вели:
Положбата, правата и ОБВРСКИТЕ на СТРУЧНИТЕ ОБЛИЦИ НА ОРГАНИЗИРАЊЕ (Судиската комисија на КФМ) поблиску се утврдуваат со правилник за работа кој посебно содржи:
- Права на членовите,
- Должности на членовите,
- Одговорности на членовите,
- Организирање на членовите,
- Одлучување на членовите,
- ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ и други прашања,
а во согласност со целите и задачите утврдени со овој Статут.

Од причини што Судиската Комисија на Македонија не го почитува членот 30 од статутот на КФМ, СККСГС чуствува потреба да ги извести своите членови - кошаркарски судии кои судат прва лига - мажи затоа што:

Вкупно кошаркарски судии кои судат во првата лига - мажи со последното рангирање од 10.03.2008 година се 24 и поделени се во две групи - прва и втора група.
Во првата група се 12 кошаркарски судии од кои 10 се од Скопје или 83,33%,
Во втората група се исто така 12 кошаркарски судии од кои 7 се од Скопје или 58,33%.
Вкупниот број на кошаркарски судии од Скопје во првата и втората група се 17 или 70,83%.

СККСГС преку својот БЛОГ го известува членството за некои од заклучоците од состаноците на Здружението на прва лига - мажи, кои се директно или индиректно поврзани со кошаркарските судии, делегати и помошните судии.
На овие состаноци присуствувале и членови на Судиската комисија на КФМ (Претседателот и/или Потпретседателите на Судиската комисијата).

На состанокот на здружението на клубови од првата лига мажи одржано во Кавадарци биле донесени следниве одлуки:

Да се формира стручна комисија на Судиската комисија на КФМ од причини:

- Оценките на судиите се превисоки, а нашите судии се на последното место во Европа - немаме наши судии во Јадранската лига, наши судии судат преднатпревари на ФИБА натпревари.

- Кошаркарските судии и делегати да се доедуцираат, преку интернет и почести семинари со видео материјали...

- Треба да се утврдат правила за кошаркарските судиите. Истите да не се заплашуваат туку да се мотивираат, да им се направи амбиент за подобро судење, а кошаркарските судии да имаат посериозен однос кон примената на службените кошаркарски правила.

- На барање на кошаркарски клуб и на негов трошок може да се обезбеди присуство на членовите на стручната комисија на одреден натпревар.

- Здружението смета дека е неопходно да се формира Стручна комисија на Судиската комисија на КФМ од неутрални и стручни лица, искусни долгогодишни кошаркарски судии и делегати.
Комисијата да брои 5 члена, а да одлучува во состав од најмалку 3 члена.
Предложен и усвоен е следниов состав на стручната комисија:
1. Љупчо Ристовски, Претседател;
2. Славе Анастасовски, Член;
3. Љубомир Фишиќ, Член;
4. Владимир Макревски, Член и
5. Претседателот на судиската комисија на Македонија (по автоматизам).

- Извршената презентација на компјутерското делегирање на кошаркарски судии и делегати на натпреварите од првата лига – мажи е оценета како успешна.

- Одлуката за компјутерско делегирање да почне да се применува од првото коло на вториот дел на првенството од тековната 2007/2008 година.

На состанокот на здружението на клубови од првата лига - мажи одржано во Скопје биле донесени следниве одлуки:

- На состанокот помалите инцидентите (Скопје, Битола, Прилеп...) кои се случија во досегашниот дел од продолжението на сезоната се осудени од сите членови на Здружението,

- Да се превенира помалите инциденти да не прераснат во поголеми, со што неповратно би се нарушил угледот на најпопуларниот и најгледаниот македонски спорт,

- Клубовите да работат на тоа - секој натпревар од кошаркарската Прва лига да не претставува стрес, туку напротив, да претставува задоволство, да предизвикува празнично расположение кај управите, спонзорите и директните учесници на натпреварите, а поразите да не се сметаат како крај на светот туку од нив клубовите да излезат поискусни за натаму да делуваат во напредок на клубот на кого му припаѓаат.

- Клубовите да создадат атмосфера на другарување, да се свесни за мисијата на едукација на публиката и актерите на една спортска манифестација - кошаркарски натпревар од највисок ранг во Р. Македонија.

- Секој клуб со својот стручен штаб да внимава на своите гестикулации за време на натпреварите и со своето неспортско и театрално реагирање да не предизвикува, да не биде иницијална каписла за неспортска реакција кај навивачката група на клубот.

- Секој клуб да им наложи на своите играчи, особено на оние кои со своето проблематично однесување за време на натпреварите (неспортски и театрални реакции на судиските одлуки, неспортска и недозволена театрална комуникација и навредлива гестикулација кон противничките играчи, тренери и навивачки групи), да се однесуваат спортски и коректно, затоа што поинаку само му нанесуваат ненадоместлива штета на угледот на својот клуб и на кошарката воопшто. Играчите да се предупредат дека за неспортско и вулгарно однесување ќе бидат ригорозно санкционирани.

- Клубовите, согласно законските прописи, да воспостават подобра комуникација и да се ангажираат да воспостават контрола и подобра соработка со навивачките групи.

- На локално ниво, клубовите да бараат присуство на екипа со специјални полициски сили за спречување на насилно однесување на навивачките групи пред, за време и по завршување на натпреварот.

- Управите и службените лица на секој клуб, да се воздржуваат од непристојна гестикулација за време на натпреварите и да бидат воздржани во коментарите по завршувањето на натпреварите. Да имаат повеќе доверба во институционалниот начин на решавање на проблемите и да не предизвикуваат наелектризирана атмосфера меѓу учесниците.

- Службените лица и учесниците на натпреварите да не го коментираат судењето јавно и да не даваат никакви изјави поврзани со судењето во медиумите. Доколку се утврди такво нешто, на Комесарот за натпреварување му се даваат широки овластувања ваквите појави најстрого да ги казнува.

- Комесарот за натпреварување санкциите да ги одмерува максимално одговорно, со еднаков критериум и да изрекува поригорозни казни за сторените прекршоци.

На состанокот пак на здружението на прва лига - мажи одржано во Струмица биле донесени следниве одлуки:

- Доколку два прволигашки клуба кликнат еден ист судија за негово изземање, според компјутерскиот жреб, тој судија автоматски нема да биде делегиран на ниту еден натпревар од следното првенствено коло.
(На едно од претходните здруженија донесена одлука - клубовите кои не се задоволни од судењето на одреден кошаркарски судија истиот можат да го кликнат и тој да не им суди во траење од најмалку 2-ве, а највеќе 6 кола).

- Здружението на прволигашки клубови и Судиската Комисија на КФМ ќе учествуваат во формирањето на ралг листата од десет судии, кои ќе судат на натпреварите од плејофот сезонава.

- Во текот на наредната сезона помошните судии на секој првенствен натпревар имаат обврска да носат судиска униформа и да имаат лиценца.

- Доколку некој клуб има проблем со записничката маса, тој е должен да го исвести Комесарот за натпреварување на КФМ.
Комесарот потоа ќе го извести делегатот кој е определен за натпреварот на тој клуб кој има проблеми со записничката маса, а е домаќин.
Делегатот ќе има за задача на еден час пред почетокот на натпреварот да одржи мини семинар со помошните судии, кои треба да бидат на тој натпревар.

- Клубовите се должни на службените лица да им ги платат патните трошоци, без разлика дали тие патуваат сами или не.

Со почит,
СККСГС

No comments: