Saturday, January 5, 2019

Прашања

1. А1 е во момент на шут за кош од игра. Топката е во лет кон кошот кога се огласува сигналот за 24 секунди. Топката не го допира обрачот и е допрена од Б1 кој е на теренот и таа оди надор од граничните линии. Дали играта ќе продолжи со уфрлување на екипата А ?
                          Да                                  Не
2. Екипата А има конторла на топката во своето предно поле со преостанати 10 секунди на часовникот за 24 секунди кога држана топка се случила. Стрелката за алетернативниот посед покажува посед за екипата Б. Дали екипата Б ќе има 24 секунди на располагање?
                          Да                                    Не
3. А1 е во момент на шут за кош од игра, топката го допира обрачот и во ситиација на скок играчот Б2 го фаулира играчот А2. Ова е трета грешка на екипата А во овој период. Дали часовникот за 24 секунди ќе биде ресетиран на 24 секунди? 
                          Да                                     Не
4. Со преостанати 4 секунди на часовникот за 24 секунди екипата А е во контрола на топката во предното поле кога А1 е повреден и судиите ја запираат играта. Дали екипата А ќе има 4 секунди преостанати на часовникот за шут?
                          Да                                     Не
5. За време на загравањето, техничка грешка е досудена на А4. Дали казната за техничката грешка ќе биде 1 слободно фрлање проследено со посед за екипата Б?
                          Да                                      Не

No comments: