Tuesday, June 19, 2018

Прашања

1.  А1 ја води топката 4 секунди во своето задно поле кога започнува тепачка. Замениците А7 и Б9 се дискфалификувани поради влез на теренот за игра. Казните ќе бидат поништени и ограта ќе се настави со уфрлување за екипата А во продолжеток на централната линија спротивно од записничката маса. А2 ја додава топката према А3 во своето задно поле. Дали екипата А ќе има нови 8 секунди на располагање? 
                                      Да                                    Не
2. За врема на шут за кош од игра на А1 топката ја допира таблата но не и обрачот. Топката потоа во скокот ја допира Б1, но не остварува посед/контрола, по што А2 воспоставува посед/контрола на топката. Во тој момент се огласува сигналот на часовникот за шут. Дали се десил прекршок за шут?
                                      Да                                    Не
3. При додавање во предното поле на А1 према А2 топката го допира Б2 и потоа таа го допира обрачот. А3 воспоставува контрола/посед на топката. Дали екипата А има нов период од 14 секунди?
                                      Да                                    Не
4. При обидот на А1 за кош од игра, топката е во патека на качување кога е допрена од Б2. При нејзината слегувачка патека према кошот таа е допрена од А3. Дали судиите се во право доколку признаат 2 или 3 поена на екипата А?
                                      Да                                     Не
5. А1 и Б1 се туркаат меѓусебно и досудени се лични грешки. Оваа е втроа лична грешка на екипата А и пета грешка на екипата Б во овој период. Судиите ја врачуваат топката на А1 за изведување 2 слободни фрлања. Дали се судиите во право?
                                      Да                                     Не

No comments: