1. А1 ја води топката од своео задно поле и го запира своето движење према напред водејќи топка, и ги има двете нозе во предното поле додека ја води топката во задното поле, по што А1 ги враќа своите нозе во задното поле. Дали е ова дозволена игра?
Да Не
2. Топката е во воздух при обид за шут од игра на А1 кога се огласува сигналот на часовникот за шут. Топката ја допира таблата и се тркала по подот каде ја допира Б1 а потоа А2 и конечно ја контролира Б2. Дали е ова дозволена игра?
Да Не
3. Екипата А ја конторлира топката во предното поле а на часовникот за шут преостанало 10 секунди кога ќе се случи држана топка. Уфрлувањето на основа на наизменичен посед се доделува на екипата А. Екипата А има право на нови 14 секунди?
Да Не
4. Екипата А има контрола на топка во своето предно поле кога истовремено ја допираат А1 и Б1 и топката оди во задното поле на екипата А, каде прв ја допира А2. Дали е ова дозволена игра?
Да Не
5. А1 е во момент на шут на кош од игра кога Б1 настојува да го декоцентрира со гласно викање или силно тропање со ногата на подот. Шутот на кош од игра не е успешен. Дали судиите се во право кога досудуваат техничка грешка на Б1?
Да Не
No comments:
Post a Comment