1. Во поеследната минута од натпреварот, А1 изведува 2 слободни фрлања. За време на второто слободно фрлање А1 ја нагазува линијата за слободно фрлање додека шутира и досуден е прекршок. Екипата Б бара тајм аут. Дали уфрлувањето кое следува за екипата Б ќе биде во предното поле на екипата Б спроти записничката маса во продолжение на линијата за слободни фрлања?
Да Не
2. Кога на часовникот за игра покажува 2:00 минути или помалку во 4 период и во секој продолжеток, А1 ја води топката во своето предно поле кога Б1 ја одбива топката во задното поле на екипата А каде било кој играч на екипата А повторно започнува да ја води. Б2 сега ја исфрла топката надвор од граничните линии во задното поле на екипата А со преостанати 6 секунди. На екипата А и е одобрен тајм аут. По тајм аутото дали уфрлувањето за екипата А ке биде во предното поле со 14 секунди од линијата за уфрлување спроти записничката маса.
Да Не
3. Екипата А е во посед на топка во задното поле 5 секунди, кога А6 и Б6 се исклучени поради влегување на теренот за игра во ситуација која води кон тепачка. Казните за грешките се поништуваат една со друга и се доделува уфрлување за екипата А во продолжеток на централната линија, спротивно од записничката маса. Пред да се спроведе уфрлувањето, на екипата А и е доделен тајм аут. Дали екипата А ќе ги има преостанатите 19 секунди на часовникот а шут?
Да Не
4. Наиграчот А1 му се доделени 2 слободни фрлања. По првото слободно фрлање, екипата А или екипата Б побара тајм аут или замена. При обидот за последното скободно фралање Б1 влегува во полето на ограничување пред топката да ги напушти рацете на играчот А1. Досуден е прекршок на играчот Б1 и А1 го промашува слободното фрлање. Дали замена или тај аут ќе биде одобрена во овој момент?
Да Не
5.А1 шутира на кош од игра со 4 секунди преостанати на часовникот за шут. Топката го допира обрачот, се одбива и А2 воспоставува контрола посед. Дали кипата А ќе има нови 14 секунди на располагање?
Да НЕ
No comments:
Post a Comment