1. После шутот часовникот за кош од игра на А1 топката е во воздух кога се огласил сигналот на часовникот за шут ( 24 секунди). Потоа топката се заглавила помеѓу обрачот и таблата. Стрелката за наизменичен посед покаѓува право на посед за екипата А. На екипата А ќе и биде доделено уфрлување на топката. Исправно?
Да Не
2. Со 01:33 преостанато време за игра во четвртиот период, Б1 направил Неспортска Грешка врз А1 кој ја водел топката во своето задно поле. На екипата А и е доделен тајм аут. Откако ТО ќе заврши, а после изведувањето на двете слободни фрлања од казната за НГ, играта ќе продолжи со уфрлување за екипата А од продолжената централна линија спротивно од записничката маса. Исправно?
Да Не
3. Додека бил на клупата на екипата во текот на првиот период, заменикот А7 дрско и некоректно му се обратил на судијата за што му е досудена техничка грешка. Во третиот период А7 како заменик влегол во игртата и со тоа постанал играч. Во текот на периодот тој опсул еден од противничките играчи за што веднаш му била досудена ТГ. Дали според правилата за игра А7 ќе биде исклучен од игра?
Да Не
4. А3 шутира за кош од игра. Откако топката е ослободена после шутот на А3 се огласува сигналот на часовникот за шут после што Б5 ја допира топката која сеуште е во патека на качување кон кошот. Топката сепак влегува во кошот. Судиите го поништуваат кошот и досудуваат прекршок 24 секунди. Исправно?
Да Не
5. Со преостанати 49 секунди на часовникот за игра во четвртиот период, А2 е фауллиран во своето задно поле од Б4. Екипата А има преостанати 16 секунди на часовникот за шут. Оваа е трета лична грешка на екипата Б во тој период. На екипата А и е одобрен тајм аут. Играта ќе продолжи со уфрлување за екипата А од линијата за уфрлување отспротива на записничката маса во предното поле со нови 24 секунди на часовникот за шут. Исправно?ќ
Да Не
No comments:
Post a Comment