Thursday, March 1, 2018

Прашања

1. Б1 отскокнал од своето предно поле и го пресретнал додавањето на А1 кон А2. Б1 со топката во рацете истовремено со двете нозе доскокнал со опчекорена централна линија и почнал да ја води топката. Дали тоа е исправна игра?
                      Да                    Не
2. А1 ја прифатил топката во воздухот по додавањето на А4. Тој доскокнал на подот и со топката во двете раце го допрел подо. Тој ја задржал својата пивот нога на истото место и свиткувајќи се нанапред го повратил балансо и започнал со дриблинг. Дали оваа акција е преккршок?
                      Да                     Не
3. екипата А имала посед на топката 15 секунди. А1 се обидува да ја додаде топката на А2 и топката се движи да ја помине граничната линија. Б1 се обидува да ја спаси топката да не оди надвор од граничните линии и откокнува од теренот преку граничната линија. Додека Б1 сеуште во воздухот, ја фаќа топката со двете раце и исправно ја враќа на теренот каде А2 остварува посед на топката. Шут часовникот ќе биде ресетиран на нови 24 секунди за екипата А. Исправно?
                     Да                      Не
4. А1 го завршил својот дриблинг. Потоа тој ја фрлил топката кон таблата и по нејзиното одбивање од неа, скокнал, повторно ја фатил топката пред таа да биде допрена од друг играч на теренот и ја забил во кошот. Дали кошот ќе биде признат?
                    Да                       Не
5. За време на уфрлување или за време на слободно фрлање, според проценка на судиите, играчот намерно го оддложува процесот на земање на топката. Судијата ја става топкта на подот близу до местото на уфлување или линијата за слободни фрлања, но таа постанува жива во моментот кога играчот ќе ја земе на располагање. Исправно?
                    Да                       Не

No comments: