Wednesday, February 21, 2018

Прашања

1. Новиот централен судија и новиот водеќки судија секогаш ќе го контролираат теренот за време на транзиција, пред тие да пристигнат на продолжената линија за слободни фрлања во предното поле. Исправно?
                                      Да                                Не
2. А3 шутира за кош од игра. Откако топката е ослободена после шутот на А3 се огласува сигналот на часовникот за шут после што Б5 ја допира топката која сеуште во патека на качување кон кошот. Топката сепак влегува во кошот. Судиите го поништуваат кошот и досудуваат прекршок 24 секунди. Исправно?
                                       Да                              Не
3. При транзиција новиот водечки судија правилно и во права линија се движи кон новата положба на челната линија задржувајќи го истото растојание во однос на играта, за брзината и големината на играчите да остане иста од почетокот до крајот на акцијата. Исправно?
                                       Да                               Не
4. А4 ослободил шут за кош од игра со вредност од 3 поени и потоа се огласил сигналот на часовникот за игра за крај на периодот. топката го допрела обрачот. Б4 во обид да ја одбие-тргне топката од обрачот ја одбил внатре во кошот. Кошот ќе биде признат и неговата вредност ќе биде 3 поени. Исправно?
                                      Да                               Не
5. Со 2:09 преостанато време за игра во 4 период, тренерот А го бара својот прв тајм аут во второто полувреме додека играта тече. Со 1:58 преостанато време за игра, топката оди надвор од теренот и часовникот за игра е запрен. Во тој момент е одобрен тајм аутот за екипата А. Записничарот ќе маркира во записникот 2 хоризонтални линии во првото поле за тајм аут на екипата А во второто полувреме бидејќи тајм аутот е одобрен на 1:58 до крајот на 4 период. Одобрениот тајм аут ќе биде внесен во второто поле и екипата А ќе им само уште еден преостанат тајм аут. Исправно?
                                      Да                               Не

No comments: